Најнови изданија
Никогаш на врвот
Паоло Коњети
150 ден.
116 стр./ A5 формат (200x140)
Книгата „Никогаш на врвот" oд Паоло Коњети е патописна проза за негоите патешествија до најголемите земјени височини. На Хималаите. Раскажува топло и детално за тоа како планинарот ги балансира волјата, напорот и болката предизвикани од планината, како се зборува со тибетско куче, како пејзажот станува драма за телото и за духот, зашто Хималаите не се предел во кој се навлегува лесно: тие се жива планина, населена, понекогаш изненадувачка, непредвидлива, сурова, бескрајна, величествена, фантастична и мистична. Коњети пишува за патување по мистични предели и на умот, и на телото, и на духот. Пишува за магијата на планинската височина и за длабочината на човечката душа. Пишува со душа.
„Никогаш на врвот“ ѝ припаѓа на одличната патописна литература, напишана за патувањето во далечниот хималајски регион на Непал – приказна за тоа како еден човек постигнува поголемо самосознание на 4000 метри додека го прави секој следен чекор. Регионот Долпо, застанат во своето минато, го обзема Паоло Коњети со древната планинска култура каде што животот може да биде неодолив, особено за малубројното население кое се плаши од експлоатација.
„Никогаш на врвот“ е повеќе од патописен дневник. Тоа е топла и евокативна приказна за соочувањето со физичките ограничувања, за ерозијата на многу стари вредности, за убавината на некои мали нешта како што е неочекуваната средба со тибетско куче итн., а тоа е, всушност, приказната за наоѓањето на рамнотежата во самиот себе. Паоло Коњети раскажува за своите незаборавни искуства на Хималаите на свој уникатен, класично елегантен стил, со големо познавање на магијата на планинската височина и на длабочината на...
Имот
Федериго Тоци
200 ден.
174 стр./ A5 формат (200x140)
Со овој роман со кој Тоци влезе во историјата на италијанската литература, а критиката го споредуваше со Кафка и со Достоевски и се смета за значајно дело на италијанската литература од првите децении на 20 век. Во „Имот“ тој го опишува светот на немирот, неспокојот и стравот предизвикани од контактот со реалноста којашто е заканувачка, мрачна, агресивна.Тоа е свет составен од трауми, отворени рани, длабоки повреди на...
Tивко рушење
Ивица Пртењача
150 ден.
134 стр. / A5 формат (200x140)
Романот „Тивко рушење“ претставува тематско и мотивско продолжение на неговиот награден роман „Брдо“.
Во „Тивко рушење“ авторот повторно се качува на „брдо“, но овојпат тоа се наоѓа во еден трошен стан во една загрепска улица. Главниот јунак, молер со диплома професор по литература, со својот помошник треба да ги истружат ѕидовите на еден стан и повторно да ги обојат. Се чини дека тоа е работа по негова мерка...
Гордиот Дабидеш
Ирена Доускова
200 ден.
150 стр. / A5 формат (200x140)
Теорија на чудноста
Павла Хоракова
350 ден.
302 стр. / A5 формат (200x140), 2020 г.
Награда „Магнезија литера“ за најдобра проза во 2019 година.
Романот „Teорија на чудноста" претставува брилијантно прикажана потрага по длабокото значење на животот. Во него опишани се неколку месеци од животот на Ада Сабова, нестереотипна, млада, урбана интелектуалка, која се обидува да ги балансира приватниот живот и кариерата. Разочарана од врските, од предвидливиот модел на својот живот, а најмногу...
За тоа ли беше сè?
Евтим Евтимов
150 ден.
220 стр. /A5 формат (200x140)
Романот „За тоа ли беше сè“ од познатиот бугарски писател Евтим Евтимове напишан со современ стилски израз и со вешто изведена структура. Во основа е политички роман, но тој, пред сè, е постмодерно егзистенцијален, во кој на еден суптилен начин авторот говори за човечката судбина, за страдањата на човекот поради политичките парадокси.
Дејството е сместено во бугарскиот политички контекст по Втората...
Крвавооката мечка
Шен Шиси
200 ден.
142 стр. / A5 формат (200 x 140)
Новелата „Крвавооката мечка" е една најчитаните и најпреведувани новели на Шен Шиси. Таа е дел од нашата серија пет книги со најдобрите новели од најчитаниот кинески писател за деца и млади - „кралот на приказните за животни“ Шен Шиси!
Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Во...
Последниот слон воин
Шен Шиси
200 ден.
142 стр./ A5 формат (200 x 140)
Новелата „ Последниот слон воин" е една најчитаните и најпреведувани новели на Шен Шиси. Таа е дел од нашата серија пет книги со најдобрите новели од најчитаниот кинески писател за деца и млади - „кралот на приказните за животни“ Шен Шиси.
Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот...
Волчицата невеста
Шен Шиси
200 ден.
146 стр. / A5 формат (200x140)
Новелата „ Волчицата невеста" е една најчитаните и најпреведувани новели на Шен Шиси. Таа е дел од нашата серија пет книги со најдобрите новели од најчитаниот кинески писател за деца и млади - „кралот на приказните за животни“ Шен Шиси. Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Во своите дела тој пишува за хармоничната врска меѓу човекот и природата, а неговите приказни за животните се искрени...
Непослушната мајмунка
Шен Шиси
200 ден.
142 стр. / A5 формат (200 x 140)
Новелата „Непослушната мајмунка" е една најчитаните и најпреведувани новели на Шен Шиси. Таа е дел од нашата серија пет книги со најдобрите новели од најчитаниот кинески писател за деца и млади - „кралот на приказните за животни“ Шен Шиси!
Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Љубовта и омразата, тагите и...
Горалите скокачи
Шен Шиси
200 ден.
148 стр. / A5 формат (200 x 140)
Новелата „Горалите скокачи" е една најчитаните и најпреведувани новели на Шен Шиси.
Во новелите на Шен Шиси се возвишува филозофијата на животот. Животинскиот свет е ист како човечкиот. Љубовта и омразата, тагите и радостите, раздвојувањата и обединувањата во животинскиот свет, преку имагинацијата на писателот, ја отсликуваат човечката природа. Многу од делата на Шен се вклучени во кинеските учебници за основното и...
Броеница
Тамта Мелашвили
150 ден.
96 стр. / 150 ден.
Лиричност од Шекспирова
Ѓоре Ѓелев
200 ден.
76 стр. / A5 формат (200x140)
„Лиричност од Шекспирова“ е дебитантска збирка поезија на Ѓоре Ѓелев.
Книгата содржи над четириесет песни. Поезијата е лирска, емотивна, искрена, има песни што потсетуваат на најдобрата традиција во македонската лирика, но и песни со свеж, смел и младешки израз и сензибилитет и авторска автентичност.
Суво мастило
Владимир Илиевски
400 ден.
320 стр. / A5 формат (200x140), 2020 г.
Звукот на формирањето на солта : раскази на генерациите од постосумдесеттите години во Кина
Генг Сонг , Ќингсианг Јанг
350 ден.
368 стр. / A5 формат (200x140), 2020 г.
Оваа антологија содржи 16 раскази од генерација кинески писатели родени во 80-те години на 20 век и потоа, како и критички вовед од приредувачите. Таа е прва од ваков вид на странски јазик, односно наменета за читателите надвор од Кина. Расказите се избрани врз основа на два критериума: широката распространетост и прифатеност на делата и на авторите и нивното значење за запознавање и...
Подемот и падот на кинеските династии
Ма Сиоадонг
150 ден.
205 стр. / A5 формат (200x140)
КНИГА СО ПРИКАЗНИ ЗА КИНЕСКИТЕ КРАЛЕВИ, ЦАРЕВИ, ПРИНЦОВИ И ПРИНЦЕЗИ
Пет илјади години кинеска историја раскажана во сто приказни. Книгата содржи сто вистински приказни за древните кинески владетели. Таа, всушност, претставува куса историја на Кина и на кинеската цивилизација, од почетоците на оваа најстара жива цивилизација па до последниот кинески цар, раскажана со едноставен и лесен стил низ приказни...
Трословната книга
150 ден.
123 стр. / A5 формат (200x140)
Книгата „Трословната книга" претставува книжевно дело кое го опфаќа повеќемилениумскиот идеал на кинеската цивилизација, напишано во XIII век и неколку векови останува базично едукативно четиво за восприемање на суштината на кинеската култура, филозофија, историја, етика и хуманизам. Овој некогашен буквар за моралните вредности во Кина, всушност претставува сублимат на целокупната кинеска и далекоисточна култура...
Книга за Македонија
Лудвик Куба
500 ден.
242 стр. / A5 формат (200 x 140)
Како славниот Чех Лудвик Куба (сликар, музиколог, етнолог и писател) ја запознал, истражил, нацртал, насликал и ја опишал Македонија во 1925 и 1927 година?
Извонредни патописни и ликовни сведоштва за Скопје, Скопска Црна Гора, Охрид, Струга, Прилеп, Битола, Преспа, Галичник, Смилево, Трескавец...
Книгата „Kнига за...
Вовед во кинеската култура
Је Ланг
Џу Лиангџи
300 ден.
276 стр. / A5 формат (200 x 140), 2020
Книгата е монографско илустирано издание за кинеската култура: Лао Це. Таоизам. Конфучиј. Конфучијанство. Сун Цу. Храмот на Небото. Филозофијата на животот. Еколошка естетика. Кинеското писмо. Свилата. Патот на свилата. Навигација. Големиот кинески ѕид. Забранетиот град. Теракотната армија. Будизам. Калиграфија. Древна уметност. Музика. Кинеско сликарство. Порцелан. Кинески градини...
Мајката чакал Скарфејс
Шен Шиси
200 ден.
177 стр. / A5 формат (200x140)
„Мајката чакал Скарфејс“ е роман за суштинската поврзаност меѓу најнеoчекуваните сојузници – чакалите и луѓето, како и за врските кои се испреплетуваaт меѓу нив.
Скарфејс и нејзината глутница златогрби чакали живеат тежок живот. Омразени и несфатени, постојано се прикриени, подалеку од очите на луѓето. Чампа, селскиот ловец, ги грабнува младенчињата на чакалите заради одмазда, со намера да ги искористи за да ја...
Лисицата трговец
Шен Шиси
200 ден.
205 стр. / A5 формат (200x140)
Збирката „Лисицата трговец“ е составена од седум раскази во коишто се прикажани диви, но и домашни животни. Самиот наратив е напишан во лесно читлива форма и содржи многу информации за однесувањето на животните и нивната емоционална интелигенција; во него се прави паралела меѓу однесувањето на луѓето и животните и се отвораат морални и еколошки прашања, прашања за потребната одговорност и меѓусебното...