МОСТОТ НА РЕКАТА КВАЈ
250 мкд
„Мостот на реката Квај“ (1952) е фасцинантна приказна за храброста, истрајноста и судирот на две завојувани империи, навидум сосема различни, но сепак прилично сродни. Романот е фикција, но е напишан врз основа на вистински настани.
САБО ЗАПРЕ
150 мкд
Романот одново ги поставува прашањата како да се раскажуваат приказните, како да се помести раскажувачкиот глас и да се извести светот за најтрагичниот момент, како да се размести она што се вика живот, изместен од болката на смртта на ближниот.
МЕНЕ НИКОГАШ НЕ МЕ ОСТАВАА ДА ЗБОРУВАМ
200 мкд
„Мене никогаш не ме оставаа да зборувам“ е збирка раскази што ги содржи најпознатите приказни на Блајстен, како што се „Даблин на југот“, „Среќа“, како и расказот чијшто наслов го носи самата книга. Тие се извонреден одраз на генијот и раскажувачката виртуозност на Блајстен, како и доказ за вонредниот интелект на авторот.
ТАЈНАТА ВО НИВНИТЕ ОЧИ
350 мкд
„Тајната во нивните очи“ на Едуардо Сачери е роман во кој низ очите на главниот лик Бенхамин Чапаро, судски службеник од Буенос Аирес, е раскажана приказната која оставила најголема трага во неговиот живот.
КОНСТАНЦА РИНГ
300 мкд
„Констанца Ринг“ е првиот роман на норвешката писателка Амалија Скрам (1846-1905), објавен во 1885 година и неодминлив во класичната скандинавска и светска литература. Контрoверзен и експлицитен, романот им е посветен на сексот, неверството, бракот, правата на жената и моралната хипокризија.
ТЕМНО, РЕЧИСИ НОЌ
350 мкд
Награда НИКЕ 2013
Алиција, позната новинарка, која работи за еден од најголемите весници во Варшава (главниот јунак во овој роман), се враќа до својот роден град Валбжих да направи репортажа за трите исчезнати деца.
СВЕЖО ОБОЕНО
250 мкд
Награда „Владимир Назор“ 2015
Во романот Свежо обоено Јосип Млакиќ со едноставен но ефективен и култивиран стил, го опишува тешкиот и опасен пат по кој една мајка и нејзината шестгодишна ќерка, бегаат пеш од едно мало место за време на воените дејствија во Босна. Вооружани само со малку храна и еден пиштол, тие тргнуваат во борбата за опстанок, додека мајката хранета со неизмерната љубов кон сопственото чедо, со сета сила се труди да го одбрани од надворешниот, нечовечен и суров свет, и да ја заштити неговата надеж во еден подобар и почовечен...
Last Updated on Wednesday, 22 March 2017 19:05
Hits: 1298
НЕЈЗИНИЈА
250 мкд
Нејзинија e утописки роман во кој е опишано изолирано општество во кое живеат исклучиво жени коишто се размножуваат преку партеногенеза (асексуална репродукција). Резултатот од ова е идеален општествен поредок: нема војни, нема конфликти, нема доминација. Мајчинството е најголемата светост за жените од оваа земја и е центарот околу кој се врти нивниот свет.
ПЕРЈАНИЦА
300 мкд
Романот е добитник на најпрестижна книжевна награда во Полска НИКЕ, за 2011 година.
„Перјаница“ е прекрасен роман со необична приказна. Јунакот потекнува од семејство на селски сиромашни луѓе и крадци. Неписмениот татко е затворен поради
ЧАСОВИ НА РАДОСТА
150 мкд
Ова дело на Матијевиќ, најнаградуваниот српски писател во 21 век, е лирски еротски роман – актуелен европски бестселер. Часови на радоста или Авантурите на Маца Аксентијевиќ е краток, двосмислен, провокативен витешки роман кој ги опишува љубовните и сексуалните подвизи на главниот лик Маца Аксентијевиќ.
ТРИ
300 мкд
Добитник на наградата на tportal.hr за најдобар роман во Хрватска во 2009 година
„Ова е роман за љубовниците кои никогаш не се обичен љубовен пар – тие всушност секогаш се непар. Секогаш постои некој трет и сите по малку се трети.“ (Р. Перишиќ)
„Брачниот синџир некогаш е толку тежок што двајцата не може да го носат – потребни се ТРИ лица“.
ТАЈНАТА НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ
500 мкд
Гулчук раскажува детално, педантно и непристрасно, користејќи прилично богата фактографија за животот и за делото на најголемиот војсководец на сите времиња – Александар Македонски. Светот го знае како ученик на Аристотел, цар на Македонија, голем воен стратег, најпознат завојувач којшто мечтаел да владее со сите народи што ја населуваат Земјата, како човек што никогаш не отстапувал од своите замисли, но во овај роман Александар Македонски е претставен и од помалку познати аспекти, без глорифицирање на неговите подвизи и на неговата величина. Гулчук раскажува дека само еднаш се изневерил себеси.
БОЖЕСТВЕНИ ДЕЧИЊА
200 мкд
Награда Владимир Назор за 2012;
Награда „Јутарњи лист“ за 2012
„Божествени дечиња е книга за душевните болести и за растројството на општеството. Таа гледа дека мајката не е луда, иако е болна, па нејзината болест во својата манифестација е поздрава од општественото здравје. Ќе речете: често сме слушнале некој да зборува така, да ги релативизира лудилото и општествениот разум.Но уште еднаш да се обидеме да ви кажеме: не е така, и овде не станува збор за тоа...Татјана Громача... би требало да биде писател над сите локални, хрватски формати. Според она што го напишала, таа е тоа.“
Миљенко Јерговиќ
Last Updated on Tuesday, 29 August 2017 16:10
Hits: 1559
ДНЕВНИК НА ДРУГА ЗИМА
200 мкд
„Дневник на друга зима“ (2005) на Срѓан Валјаревиќ беше вклучен во десетте најдобри романи во југоисточна Европа во 2006 година, а доби и неколку книжевни награди во Србија.
ТАЈНАТА НА СЛАТКИТЕ ЈАГОДИ
Meка корица 150 мкд
Тврда корица 200 мкд
Книгата на реномираната кинеска писателка Танг Сулан содржи избор од пет подолги современи волшебни приказни: „Златниот Мечок и Пролет“, „Коњот што живееше на врвот на облакодер“, „Тајната на слатките јагоди“, Кројачницата на бубамарата“ и „Куќата од тиква“, како и 19 раскази од циклусот „Чудесната градина“, посветени на природата и на животинскиот свет.
Изборот на делата е на авторката, а во својот предговор таа, меѓу другото, пишува: „Децата од кое било време, од кое било место имаат силна љубопитност и волшебно чувство за фантазија, желни се да одат отаде обичното и посакуваат да знаат дали има друг свет отаде нашиот. Верувам дека сите деца мечтаат да ја запознаат бабата која живеела во „куќата од тиква“ и бабата која можела „да собира облаци за да ги преде“ затоа што тие се навистина неверојатни. Исто така, верувам дека виталноста и убавината на природата не познаваат граници. Во природата живеат цвеќиња и птици, инсекти и риби, живина и ѕверови; во неа има зелени планини и реки и прекрасни глетки во сите четири годишни времиња. Заедничка тема за сите нас е како да се однесуваме со природата, тој пријател на човештвото, и како да живееме во хармонија со неа. Затоа, верувам дека секое дете посакува да има Чудесна градина во која може да се пријатели со глувци, зелени жаби, црвени верверици, јазовци и ежови. Секој кој ќе ја прочита Тајната на слатките јагоди ќе сака да ја задржи таа тајна засекогаш за да можат лисицата мајка и нејзините деца да си живеат среќно во планинската шума без да бидат вознемирувани од луѓето. Љубовта е заедничкиот јазик на човештвото; искреноста и љубезноста се заеднички стремежи. Љубовните приказни можат да трогнат сечие срце. Затоа, верувам дека секој што ќе ја прочита „Златниот Мечок и Пролет“ ќе биде трогнат од оваа бајка за љубовта кога ќе види дека проколнатиот златен мечок се вратил кај добродушната девојка и се претворил во згоден младич преку чудото на нејзините солзи и крв. Признавам дека во грлото ми застана грутка, а очите ми беа насолзени додека ја пишував, а верувам дека секој што ќе ја прочита приказната ќе биде исполнет со топлина и со убави чувства.“
Танг Сулан, родена во 1965 година, во Нингсјанг, провинција Хунан, е универзитетски професор и реномирана писателка. Нејзините најпознати дела се долгите бајки, како „Приказната за глупавиот волк“, „Малиот Дуодуо и магот“, „Духови во потпокривот“ и „Колку убава вештерка“. Некои од нејзините дела се избрани во кинеските учебници за основно училиште и во градинките, како и во мошне влијателните воншколски кинески книги како „Нов кинески“ и „Весел кинески“. Таа е добитник на највисоките награди за книжевност за деца во Кина.
Last Updated on Friday, 22 November 2019 05:14
Hits: 89
ПРИКАЗНИ ГОЛЕМИ КОЛКУ ДЛАНКА
Мека корица 150 мкд
Тврда корица 200 мкд
Џанг Ќиушенг (1939) е главен уредник на Шангај јут дејли. Негови најпознати книги се: Тимот на клукајдрвците и Рози во камупсот (собрани песни за деца), Мајмунот кој учи вештини (собрани песни и приказни), Верверицата и нејзините другари, Главната вештерка на чаталестото дрво (приказни) итн.
Добитник е на неколку високи награди за книжевност. Неговата уметничка концепција секогаш е насочена кон теми како што се љубовта и убавината, како и кон корисно и мудро, концепциско размислување.
Во овој авторски избор се објавени околу осумдесет куси раскази, бајки и басни, поделени во неколку тематски целини. Во предговорот на оваа книга тој пишува: „Моето срце е исполнето со приказни... Откако пишував песни за деца повеќе од дваесет години, одеднаш добив идеја: ’Би можел ли да напишам посебни дела со карактеристики на песните, есеите и приказните што ги сакав?‘ Така, решив да се обидам и – резултатот се ’приказните големи колку дланка‘. За среќа, овој посебен вид дела, кои се куси, поетични, емотивни и конотативни, набргу ги добија симпатиите на најмалите читатели...“
Last Updated on Friday, 22 November 2019 05:28
Hits: 56
ДАРКО ВО ЗОО ПАРКОТ
150 мкд
Најновата книга на Киро Донев, „Дарко во зоо паркот " е поделена во два дела, во првиот – „Дарко во зоо паркот“ се објавени триесетина текстови во кои се претставени исто толку животни. Претставени се
преку разговор што го води главниот лик – младиот новинар Дарко. Всушност, најпопуларните
животни за децата се претставени низ дијалози од аспект на самите животни. На овој начин
Киро Донев ги потенцира хуманите односи меѓу човекот и животните.
Вториот дел на книгата е насловен со „Приказни за годишните времиња“. Објавени се
триесетина текстови кои се однесуваат на четирите годишни времиња, но во сите нив
основната тема се животните и природата.
Киро Донев е познат и широко прифатен од младите читатели по инвентивниот хумор и
ведрината во неговото творештво, а тоа е присутно и во оваа книга. Иако се наменети за
помлада целна група на читатели, неговиот препознатлив хумор ја брише границата меѓу
хуморот наменет за најмладите и за возрасните читатели.
Last Updated on Saturday, 23 November 2019 05:23
Hits: 218
ТОЊЕ ГЛИМЕРДАЛ
250 мкд
Ова е роман на новата Астрид Линдгрен.
Last Updated on Thursday, 21 November 2019 16:17
Hits: 136
СОБРАНИ ДЕЛА том 1: ДИВАТА УБАВИЦА
300 мкд
Првиот том од собраните дела ги содржи трите романи – сказни: Дивата убавица, Вилар и Доживувањата на Геге супер Геге.
Во сказните на Горан Б. Стојаноски се раскажани необични доживувања на малечките јунаци кои може да се појават во детската фантазија и претставуваат персонификација на современите мали итроманчиња, необични а секојдневни јуначиња. Горан раскажал интересни приказни, но неговите приказни имаат и едукативна вредност. Разрешувањата на заплетканите состојби во необичните сказни, неспорно им служи како пример на младите читатели како треба да постапуваат со сличните ситуации, а пред сè, како да ги победуваат сопствените и туѓите погрешни постапки. Во неговите книги главните јунаци најчесто се децата, но и џуџињата, вештерките и другите необични суштества кои живеат само во приказните.
Last Updated on Thursday, 21 November 2019 16:18
Hits: 144
300 мкд
Вториот том ги содржи трите книги на Стојаноски кои содржат по триесет до четириесет помали сказни, а тоа се Џуџести сказни, Трпкавица в ногавица и Шумски сказни. На крајот на вториот том е објавен и поговор за сите дела од Горјан Петревски, а книгите се илустрирани со цртежи.
Горан Б. Стојаноски на умешен и ненаметлив начин проникнува во тајниот свет на децата и со помош на своите, навистина, необични сказни, создава еден уште понеобичен начин на патување низ разни авантури, за кој децата, секогаш со задоволство читаат, затоа што тие во нив лесно се препознаваат и посакуваат да се најдат во дејството или едноставно, да се идентификуваат со јунаците од овие раскази. Покрај необични случувања препознатливи за детските светови, авторот детето го воведува и во димензиите на паралелното живеење на разните суштества со човечка форма. И тука сè е некако нормално и едноставно, сè е колку интересно, толку и сфатливо и прифатливо, бидејќи и џиновите и џуџињата се исти како и луѓето и се со истите маани или пак доблести...
Last Updated on Thursday, 21 November 2019 16:18
Hits: 130