Македоника Литера

МПЦ-ОА и другите помесни православни цркви

Александар Трајановски

350 мкд.

348 стр./ 270x140

      Овој труд има монографски карактер и ја обработува историјата на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, но истовремено тоа е труд и за историјата на православјето, односно на сите православни цркви, на кои, повеќе или помалку, авторот им посветува посебно внимание.

      Книгата, всушност, е резултат на скоро дведецениски предавања на авторот на предметот: Историја на православните помесни цркви на Православниот богословски факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје. Пишувајќи за православните помесни цркви, авторот ги изложува најзначајни историски сознанија за секоја посебно, црпени од автентични архивски фондови, како и од повеќе соодветни и реномирани архивски центри. За сите православни помесни цркви, авторот ја презентира хронологијата од нивното појавување, стекнување со автономија или автокефалност, нивниот развој па сè до нивниот шематизам на новото време. За секоја глава, посветена на поединечна помесна православна црква, приложува основни извори и литература, поткрепени со фотографии, факсимили и други прилози.