Македоника Литера

МАКЕДОНИКА 16

Makedonika_br.16%20-%20predna%20korica.jpgМАКЕДОНИКА 16

150 мкд

      Во овој број е објавен и еден од последните трудови на Зоран Тодоровски – „Мечтите на Тодор Александров за автономна, независна и обединета Македонија“. Вера Гошева пишува за улогата на советскиот фактор за постигнување единствен македонски револуционерен фронт во 1923-1924 година, а Томе Груевски за македонскиот деец Коста Шахов, како основоположник на македонската журналистика.

      Од Драган Ѓалевски е објавена статија за воената вештина на комитопулите, односно владетелите на Самоиловата држава, а од Драган Зајковски статија со нови согледувања околу лоцирањето на епископијата на свети Климент Охридски. Владимир Јанев пишува за проучувањето на холокаустот во Македонија, а Александар Симоновски за народноослободителните одбори во Прилепско во 1944 година.

      Во овој број е објавен поезија со родољубиви мотиви од поетската оставина на Науме Радически, а се објавени и два осврта за македонистички трудови: Венко Андоновски пишува за студија на Ранко Младеновски за Александар Македонски и македонската книжевност, Вера Стојчевска Антиќ за монографски труд за Трајко Китанчев на Валентина Миронска Христовска.

      На крајот е објавен и библиографски труд на Соња Стрезоска Велјаноска за странските автори кои пишувале за Александар Македонски.

Created by: Boost Nova 2011

Top Desktop version