Македоника Литера

АНАБАСА

anabasa_predna%20korica.jpgКсенофонт

АНАБАСА

300 мкд

      Ксенофонт (о. 430-355 г. ст.е.) е еден од тројцата најголеми хеленски историографи (покрај Херодот и Тукидид) автори кои ги одбележуваат почетоците на хеленската, и на европската вештина на пишување историја. „Анабаса“е едно од најубавите негови дела и неодминлив извор за изучувањето на античкиот период. Во него авторот го опишува походот на персискиот принц Кир против сопствениот брат Артаксеркс, за превласт за персискиот престол.

      Кир најмува десетилјадна хеленска војска. Во походот учествува и Ксенофонт. Тој ги опишува: собирањето на платеничката војска; маршот на војската; убиството на Кир и на некои војсководци, по што Ксенофонт ја презема командата на дел од војската; опасностите и патешествијата при враќањето на војската...

      Една од најголемите вредности на ова дело се автентичните описи на настаните,  географијата и етнографијата, односно описите на начинот на живеење на племињата и на местата на големиот простор на персиската империја. „Анабаса“ е извонредно мемоарско дело.

      Во предговорот Весна Томовска, меѓу другото, пишува:

      „Иако во основа и со намера да биде запис на една епизода од политичката историја на Хелада и на нејзините соседи, Анабаса суверено ѝ припаѓа на мемоарската книжевност. Причи­на или услов за нејзиното составување е личното при­суство и учество во настанот, како и авторската перспектива на случувањата. Ваквата позиција на авторот во однос на предметот за кој се расправа ја обезбедува привилегијата на директен сведок, но и гаранцијата за високиот степен на автен­тичност во презентацијата на податоците со што Ксено­фонт е на иста линија со своите претходници историографи од петтиот век ст.е. кои ја промовираат историјата во (научно) знаење за минатото со тоа што тоа минато, односно измина­ти­те случувања искуствено ги преиспитуваат и се грижат за презентација на веродостојна историска евиденција.“

      Нарачај

Created by: Boost Nova 2011

Top Desktop version