Македоника Литера

Братучед ми доаѓа (Најдобрата кинеска литература за деца)

 Ќин Венѓун

Мека корица 200 мкд

Тврда корциа 300 мкд

210 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

 

      Ќин Венѓун (родена во 1954, во Шангај), е реномирана кинеска писателка чии книги се издадени повеќе од пет милиони примероци, вклучувајќи ги и Ученикот по име Ѓиа Ли, Ученичката по име Ѓиа Меи, Историја на детскиот ум на едно девојче, Улицата Тиантанг број 3, Главното бебе, Денови на лудории, Таотао, Малото девојче по име Лин Сиаоми, Нова биографија на малата Сианггу, Сончогледот што танцува, Шеснаесетгодишната дама и други. Има добиено над 50 награди, меѓу кои и највисоките книжевни награди во Кина. 

           Во својот предговор на овој свој избор, Венѓун пишува: „Пишувам повеќе од 30 години и имам напишано преку шест милиони зборови. Се молам да имам волшебно пенкало коешто ќе ми овозможи да напишам блескави книги – дела со одредена доза хумор, но со длабока суштина. Светлината, без разлика дали понекогаш е силна или бледа, треба да сјае со вистинска емоција, мудрост и човечност. Секако, таа треба да биде исполнета и со своја посебност, со интензитет и со мирисот на авторската душа.
Литературата за деца ми овозможува да ја држам главата „подигната кон небесата“. Почнувајќи од минатото, преку сегашноста, па до иднината, ми се чини дека нема да се задоволам со лесни и едноставни форми на пишување. Со тоа што се решив да пишувам, си поставив приоритет да стекнам уметнички концепти, стил, приказни, ликови и емоционалност... Мислам дека животот би бил прекрасен кога би имале пристап до четири нешта: читање книги, гледање филмови, пишување романи за деца и патување околу светот. Среќна сум затоа што мене ми се случија сите четири нешта во текот на изминативе три децении. Се сметам и за горда на себеси поради тоа што времето не ми ги одзеде искреноста при пишувањето и слободниот начин на размислување. Сè уште се радувам додека ги гледам инсектите и птиците како летаат и се држам до својот сон.“