Македоника Литера

САМО ДОЈДИ СИ ДОМА

Samo%20dojsi%20si%20doma%20_predna%20korica.jpgАндреј Е. Скубиц

САМО ДОЈДИ СИ ДОМА

250 мкд

 

Само дојди си дома“ (2014), кој е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, „Кресник“ за 2015 година, опфаќа многу актуелна и претходно необработена тема во словенечката книжевност: политичките тајкуни и корупцијата.

Во вителот од настани, кои може истовремено да се читаат како крими-фикција и како драма, критиката препознава и референтни точки од познатиот јавен живот (на пр., аферата Чиста лопата) и на актуелни состојби во Словенија. Ова е амбициозен и неверојатно читлив роман, со рафиниран фокус, динамичен дијалог и со комплексни ликови. Романот е анализа на состојбата на општествениот и на политичкиот морал, но без морализирање; на машко-женските односи во ултракапиталистичкото општество, но без сексизам; и на вонвременските теми како искушението, човечката интимност, општествениот успех и пад.

Леон Берден го губи престижното работно место во адвокатската канцеларија, откако на прес-конференција ги разоткрива нечесните деловни зделки на својата странка. Иако во очите на јавноста станува јунак, самостојната канцеларија што ја отвора му останува релативно празна. Напнатост се појавува и во семејството, поради неговиот пад – грижата за домашните финансии ја презема сопругата, која добива функција на државна секретарка, а тој мора да ја преземе улогата на негувател на ќерката. Покрај сето тоа, Леон се заплеткува и со некогашната соученичка, а сегашна новинарка, која се интересира за вистинската причина поради која доаѓа до прекршувањето на доверливоста кон клиентот.

Романот е добитник на најпрестижната книжевна награда во Словенија, „Кресник“. Андреј Ерменц Скубиц (Љубљана, 1967) е словенечки прозаист, драматург и преведувач. Тој е еден од најнаградуваните и најафирмираните современи словенечки писатели.

Created by: Boost Nova 2011

Top Desktop version