Македоника Литера

ШУМАТА НА ОБЕСЕНИТЕ

 

%20%20%201.jpgЛивиу Ребреану

ШУМАТА НА ОБЕСЕНИТЕ

300 мкд

 

„Шумата на обесените“ (1922) е класичен психолошки роман за Првата светска војна, во кој авторот го изнесува својот гнев од личните искуства со австроунгарската војска и судбината на неговиот брат Емил Ребреану, офицер во австроунгарската војска, кој бил осуден за шпионажа и дезертерство, а во 1917 година бил обесен.
Во романот Ребреану ги прикажува страдањата и тежината на животот за време на војната преку ликот на Апостол Болога. Тој е од Трансилванија, која тогаш била дел од Австроунгарската Империја, а кој ѝ се приклучил на австроунгарската војска. Исто како и неговиот брат, ликот Болога е одликуван со неколку медали за чест и храброст. Сепак, кога Романија се приклучува кон војната, тој треба да избере помеѓу државата на која ѝ служи и нацијата на која ѝ припаѓа. Според романот, во 1965 година, е снимен игран филм.
Ливиу Ребреану (1885 – 1944) е романски писател, новинар и академик. Првата книга ја објавил во 1912 г. – изборот новели со наслов „Маки“. Во 1920 г. го објавил романот „Јон“, кој се смета за првиот модерен романски роман. За романот „Јон“ ја добил престижната награда на Романската академија, а во 1939 г. и самиот тој станал член на Академијата. Од 1928 до 1930 г. раководел со Националниот театар во Букурешт, а од 1940 до 1944 г. бил претседател на Сојузот на романските писатели. Напишал голем број новели, драми, социјални романи, психолошки романи кои претставуваат пресврт во романската литература и националната култура.

Created by: Boost Nova 2011

Top Desktop version