Македоника Литера

Собрани дела том.2: Џуџести и други необични приказни

  Горан Б.Стојаноски

 300 мкд

     Вториот том ги содржи трите книги на Стојаноски кои содржат по триесет до четириесет помали сказни, а тоа се Џуџести сказни, Трпкавица в ногавица и Шумски сказни. На крајот на вториот том е објавен и поговор за сите дела од Горјан Петревски, а книгите се илустрирани со цртежи.

   

     Горан Б. Стојаноски на умешен и ненаметлив начин проникнува во тајниот свет на децата и со помош на своите, навистина, необични сказни, создава еден уште понеобичен начин на патување низ разни авантури, за кој децата, секогаш со задоволство читаат, затоа што тие во нив лесно се препознаваат и посакуваат да се најдат во дејството или едноставно, да се идентификуваат со јунаците од овие раскази. Покрај необични случувања препознатливи за детските светови, авторот детето го воведува и во димензиите на паралелното живеење на разните суштества со човечка форма. И тука сè е некако нормално и едноставно, сè е колку интересно, толку и сфатливо и прифатливо, бидејќи и џиновите и џуџињата се исти како и луѓето и се со истите маани или пак доблести...