Македоника Литера

ГИ ИЗЕДЕ ДОЖДОТ

Gi%20izede%20dozdot_predna%20korica.jpg  Жарко Милениќ

  ГИ ИЗЕДЕ ДОЖДОТ

  150 мкд

 

  Дејството во романот "Ги изеде дождот" од Жарко Милениќ се одвива во еден мал град каде што се важни правилата на игра, но нив не ги знаат сите играчи. Приказната има саркастични, зајадливи, па понекогаш и трагични елементи. Искривените слики и пародијата истовремено се и блиску и далеку од реалниот свет.

Милениќ во својот роман се занимава со провинцијализмот, но истовремено и со тоталитаризмот и апсолутизмот. Ги разобличува проблемите и типовите луѓе кои духовно се распаѓаат во малите градови. „Колку и да е суров во тоа, пишува хрватскиот критичар Зоран Маљковиќ, и колку и да боли вистината што ја изнесува авторот, толку и романот е духовит и забавен. Дијалозите се многу реалистични и повеќето од нив може да се сместат во т.н. секојдневни приказни. Ликови (обично со постапките) се многу мунициозно опишани и така доближени до потенцијалниот читател. Структурата на романот е прилично динамична, се менуваат сосема куси раскажувачки отсечки во кои истовремено доминираат духовитоста и иронијата.

За реалноста во романот на Милениќ може да се каже дека е повеќе искривена отколку фантастична... Романот почнува да ги следи настаните во едно провинциско гратче (Букач), кое е на работ на провинцискиот разум, а завршува во истото гратче сега со друго име (Диклиќево) кое се оттргнало од работ на разумот и сега пропаѓа некаде длабоко, длабоко...“

Created by: Boost Nova 2011

Top Desktop version