Македоника Литера

ДВОЗНАЧЕН

 dvoznacden.jpgСтиви Дејвис

  ДВОЗНАЧЕН

  150 мкд

 

Новелата „Двозначен“ е приказна за Себастијан, син на Џек Месинџер: познат патописец, можен шпион и жртва на убиство. Цел живот Себастијан го прогонува исчезнувањето на татко му, чиешто отсутно присуство и двозначно минато продолжуваат да фрлаат несоборливи сенки врз синот кој мора да се бори и со расцепканата меморија на сё постарата мајка, како и со постепеното губење на партнерот.<o_p>

„Двозначен“, со приказна што се протега од Египет до Германија, од планините Загрос во Иран до брегот на Полуостровот Гауер, е студија за татковци и синови, љубовници и изневерувачи, загуба и враќање, и е комбинација на мрачно предание, сатира и љубовна приказна, којашто постојано го бара одговорот на прашањето: може ли Себастијан да го пронајде својот спас, и покрај наследството од татка си?

 

Created by: Boost Nova 2011

Top Desktop version