Македоника Литера

МЕЛНИЦА ЗА МУМИИ

melnica.jpg   Петр Станчик

   МЕЛНИЦА ЗА МУМИИ

   300 мкд

 

    Книгата е наградена со најпрестижната книжевна награда во Чешка – „Магнезија литера“ за најдобра чешка проза во 2015 година.

   Романот е означен како „мистичен гастрономско-порнографски трилер“ и тој всушност е пародија, гротеска, хумор, иронија, алузија, историја, психологија, културологија, еротика, порнографија... Но е и роман што им припаѓа на повеќе жанрови: историски, магичен реализам, фантастичен, детективски трилер... Оценет е како брилијантен, фин лингвистички дијамант, ремек-дело.

   Дејството во „Мелница за мумии“ се одвива во 1866 година. Додека во Европа се подготвува војна меѓу Австрија и Прусија, во Чешка почнува да беснее првиот чешки сериски убиец. Главниот херој, комесарот Дурман од прашката полиција, го дели своето време меѓу истражувањето на бизарните убиства, кулинарските експерименти, романтичната љубов спрема госпоѓицата Хедбавна и водењето љубов во јавните куќи. Дејството тече во храдчанските катакомби, на блескавите булевари на Париз, во тајните гробници во утробите на мексиканските пирамиди и на крвавите бојни полиња кај Храдец Кралове. Поплочено со загадочно искасапени мртовци, дејството на крајот има изненадувачкиот пресврт.

     Во мракот на новогодишната ноќ 1866 година полицискиот комесар Дурман нагазува труп. Тоа е почетокот на серијата убиства, а секое од нив се извршува на денот кога се чествува одреден светец и слично на начинот на којшто загинал тој. Но зафаќајќи се со истрагите, Дурман ужива во сјајот, сласта и гастрономијата на тогашната Прага. Тој е почесто во крчмите и во јавните куќи отколку во полициската управа. Пародично вљубен, тој на љубената ѝ ветува дека ќе се ожени веднаш штом ќе го разоткрие серискиот убиец. Но труповите се множат. Исто така и ненаситните куртизанки, со кои го сретнува судбината...

     Централната тема на романот, всушност, е релативноста на казната и нејзиното извршување. Основната приказна – детективската потрага по мистериозниот сериски убиец, во времето на крвавиот пруско-австриски воен конфликт – ја отсликува контрадикторноста меѓу поединечното убиство, што општеството го осудува и го казнува, и масовното, односно институционалното убиство од страна на војската, кое се наградува. Но со случаите за заговор, приказната и казната добиваат пресврт...

Created by: Boost Nova 2011

Top Desktop version