Македоника Литера

МАКЕДОНИКА бр.22

 predna%20korica-Makedonika-22.jpg  Група автори

   150 мкд

     Во најновиот број на списанието „Македоника“, број 22, што го издава Друштвото за
издавачка дејност „Македоника литера“ од Скопје, меѓу другото, е објавен обемен документ на
УДБ-а од средината на 50-те години на минатиот век, именуван како Елаборат за групата
     Венко Марковски, Кирил Македонски и Душко Наневски, во кој всушност се дадени
подготовките и деталните инструкции како треба да тече судењето на тројцата македонски
уметници и интелектуалци, а првенствено на Венко Марковски. Овој документ на тогашната
тајна полиција за конечната пресметка со Венко Марковски е подготвен по објавувањето и
растурањето на неговата поема „Современи парадокси“.
     

Во најновиот број на „Македоника“ се публикувани уште неколку текстови тематски
поврзани со Македонија. Владимир Јанев пишува за улогата на трговијата во македонските
градови до 1850 година, а Ана Витанова-Рингачева, пак, за еден запис на Кузман Шапкарев за
русалиите и за шаманистичките остатоци во македонската традиција. Александар Симоновски
пишува за кадровската состојба во македонската служба за безбедност (1944 – 1966), како и за
македонската емиграција во источноевропските земји (1949 – 1968), Марјан Иваноски за
политиката на емигрантската организација „Движење за ослободување и обединување на
Македонија“ спрема Грција, Маријана Стамова од Бугарија за албанскиот проблем во
Македонија по смртта на Тито, а Стефан Влахов – Мицов објавува есеизиран осврт на тема
„Човековата историја – реалност или залажување“.

 

    Нарачај

Created by: Boost Nova 2011

Top Desktop version