Заштита на историскиот град Пекинг: клучни термини
250 ден.
154, 200 х 140 мм, 2023
Оваа книга содржи 110 клучни концепти за заштитата на историскиот град Пекинг, каде централно место има познатиот Забранет Град. Концептите се дефинирани од аспект на историјата, урбанистичкото планирање, системот за заштита и конзервацијата на ревитализираниот стар Пекинг, во кој се наоѓа најголемиот и најдобро зачуван владетелски комплекс од дрвени палати во светот.
Пекинг има историја од повеќе од 3000 години како град, а 870 години е главен град. Историскиот центар на Пекинг првпат бил изграден во 1386 год. од императорот Хонгву, во времето на династиите Минг и Ќинг, а во 1553 година бил проширен од императорот Ѓиаѓинг. Се состоел од правоаголен Надворешен Град и квадратестиот Внатрешен Град кој го опколувал Царскиот Град, кој пак за свој центар ги имал Забранетиот Град. Со вкупна површина од околу 63,8 квадратни километри, бил лоциран во денешен централен Пекинг. Внатрешниот град опфаќа вкупна површина од околу 36 квадратни километри. Надворешниот Град бил правоаголниот јужен дел од градот Пекинг во времето на династиите Минг и Ќинг, бил додаден за да се зацврстат безбедносните и одбранбените капацитети на градот и ги вклучувал Храмот на небото и Олтарот на богот на земјоделството, а има вкупна површина од околу 26,7 квадратни километри. Палатниот Град, денес Забранетиот Град во Пекинг, бил местото каде што се наоѓале палатите во династиите Минг и Ќинг. Сместен во централниот дел на Царскиот Град, бил изграден врз палатите од 1420 година. Палатниот Град се состои од обѕидана површина со градби внатре, опколена со окоп (реката Тонгѕи). Севкупно, зафаќа површина од околу еден квадратен километар.
Книгата содржи и мапи, поимник и куса хронологија на кинеската историја.
Социолингвистика
Александра Ѓуркова
Социолингвистика
Македонски јазик: јазичното планирање и јавната комуникација
500 ден.
362 стр, Б5 (240 х 170 мм), 2023
Книгата претставува научна обработка на основите на социолингвистиката како дисциплина којашто се дефинира како изучување на јазикот во општеството, а ги опфаќа и социологијата на јазикот, јазикот во јавната комуникација, јазичните контакти и интерференцијата, комуникативната компетенција, јазичните политики во светот и социолингвистичките прашања за...
Необјавени страници за македонскиот јазик на Круме Кепески
Јованка Кепеска,
приредувач
400 ден.
212 стр., Б5 (240 х 170 мм), 2023
Книгата содржи материјали од оставината на основоположникот на македонското граматичарство, авторот на првата македонска граматика, истакнат македонист, педагог, учебникар, методичар, преведувач, собирач на народни умотворби.
Во оваа книга е објавени текстови за развојот на македонскиот литературен јазик; обраќања при одбележувањата на годишнини од првата македонска...
Клучните концепти во кинеската традиционална култура на владеење на правото
Цуи Јунхуа
Ли Чи
200 ден.
124 стр., 200 х 140 мм, 2023
Книгата се состои од три дела: Филозофија на правото, Правен систем и Правна култура и претставува збирка со 107 поими или фрази од кинеската традиционална правна култура и нивно толкување. Тие се засновани на социјалистичката теорија за владеење на правото со кинески карактеристики. Традиционалната култура на владеење на правото е поткрепена со современо толкување на древната филозофија на правото, институциите и културите, и...
Разбирање на Кина: 100 клучни термини
200 ден.
128 стр., 200 х 140 мм, 2023
Толкување на кинеската мудрост во сто термини од аспект на „филозофската, историската и животната мудрост“. Содржи 21 термини филозофска мудрост, 34 историска мудрост и 45 термини од традиционалната кинеска медицина.
За полесно да се разбере „современа Кина“ треба продлабочено да се познава „традиционална Кина“, односно кинеските филозофски мисли, хуманистичкиот дух, начините на размислување и вредностите. Кинескиот народ се потпира на мудроста...