Павел Шатев
450 мкд
226 стр., Б5 (240 х 170)
Полициското досие на Павел Шатев е водено од Управата за државна безбедност на Македонија, позната како УДБА, објавено интегрално и автентично – со неговиот јазик и стил на изразување. Досието е богато со нови податоци и моменти од револуционерната, политичка и разузнавачка дејност. `Досието УДБА` опфаќа осум записници од неговите сослушувања пред иследниците на УДБА, од 7 јули 1948 до 2 август 1950 година. Во досието се вклучени уште една негова изјава за д-р Филип Атанасов и два записника на УДБ-а, односно изјава на Митко Зафировски за Павел Шатев, од 8 септември 1949 година, и изјава на Славе Иванов за Шатев од 1950 година, што ја дополнуваат целосната револуционерна и разузнавачка дејност на Павел Шатев.
И покрај тоа што главната цел на иследниците била да ја разоткријат разузнавачката улога на Павел Шатев во услуга на Советскиот Сојуз, во записниците од полициското досие на преден план доминира неговата севкупна револуционерната дејност, особено: активноста во редовите на прогресивната македонска емиграција во Бугарија; улогата во потпишувањето на Мајскиот манифест во Виена во 1924 година, активноста во ВМРО (Обединета); односите и споровите со Бугарската комунистичка партија во однос на македонското прашање и неговата борба за решавање и афирмација на македонското прашање.