Ма Сиаондонг
150 ден.
206 стр. / A5 формат (200 x 140)
Книга со приказни за кинеските кралеви, цареви, принцови и принцези Пет илјади години кинеска историја раскажана во сто приказни. Книгата содржи сто вистински приказни за древните кинески владетели. Таа, всушност, претставува куса историја на Кина и на кинеската цивилизација, од почетоците на оваа најстара жива цивилизација па до последниот кинески цар, раскажана со едноставен и лесен стил низ приказни. Поточно, „Подемот и падот на кинеските династии“ ја раскажува историјата на Кина од легендарните три кралства и пет царства до падот на династијата Ќинг. Со овие авторски приказни за кинеските кралеви и цареви и за подемите и падовите на династиите во Кина, книгата е особено соодветна за читателите кои се интересираат да добијат општи познавања за кинеската култура и историја.