Македоника Литера

Доживувањата на Геге Супер Геге

Горан Б. Стојаноски
Доживувањата на Геге Супер Геге
150.00 ден.
       

Книгата е придружена со поговор на Горјан Петревски, кој меѓу другото, пишува: „'Доживувањата на Геге супер Геге' е сказна за осаменоста, но и за здодевноста, за радоста и за тагата, за вербата и за победата, за упорноста и оптимизмот.

Но и приказна која на извонреден начин влегува во суптилниот свет на карактерот на детето кое честопати побарува прибежиште во фантазирањето кое, обично, доаѓа по недоразбирањето во семејството и околината. Во таков случај неминовно е да се влезе во конфликт и пркос со средината каде што се живее.

Главните ликови во ,,Доживувањата на Геге супер Геге“ се млади и стари од една, но и животни и предмети од друга страна, доближени до детскиот свет на еден извонредно прикладен начин преку кој и се создава оваа топло и духовито пренесена сказна...

Ликот на девојчето Геге е доминантен субјект во приказната, но останува да доминира како спонтано изнијансиран профил кој, и покрај своите волшепства, ги задржува оние особини што ги поседуваат децата на нејзина возраст. Таа е, истовремено, и тажна и весела, и нежна и силна, и палава и умна, но во ниеден момент не се колеба меѓу праведното и неправедното, да го оддели храброто од плашливото, да го разликува веселото од тажното, а на тој начин, без да изгуби во очите на читателот ни малку од своите општочовечки особини. Ќе израсне во необичен лик од уште понеобична приказна, тоа девојче ,,едно на мајка“ кое преку ноќ ќе се претвори во јунак од фантазијата и волшепствата.“