Македоника Литера

Македоника 7-8

МАКЕДОНИКА 7-8 

Преземи

      Двобројот 7-8 на списанието „Македоника“, меѓу другото, објавува обемен извадок од досега необјавените спомени на Павел Шатев. Освен извадокот од спомените на Шатев, во списанието е објавен и текст на Предраг Димитровски за оставината на Шатев, но и за некои контроверзи поврзани со него.

      Во овој број, првпат на македонски јазик, е објавен и дел од најобемната и најбогатата книга досега напишана од странец за Македонија – книгата „Македонија – предел и култура на живеење“ од германскиот научник и истражувач на Македонија Леонард Шулце – Јена, кој Македонија темелно ја проучувал за време на Првата светска војна. Пригоден текст за Шулце – Јена има Волф Ошлис, кој авторот на книгата го нарекува „германски `откривач` на македонскиот јазик“.

      Во двобројот 7-8, текстови објавуваат и Мирослав Коуба од Чешка (проучувач на македонската преродба), Стефан Влахов – Мицов, Стојан Ристески, Науме Радически, Горан Калоѓера, Васил Тоциновски, Невен Радически, Димитар Љоровски Вакмаковски, Нове Цветаноски, Наташа Котлар – Трајкова..., а меѓу другото, се објавени и досега непознати документи кои се однесуваат на Македонија а потекнуваат од Архивот на Јосип Броз Тито, сознанија за грчката вооружена дејност во Македонија по Илинденското востание, за Пајсиј Хилендарски и Македонија, нови сознанија за дејноста на Жинзифов, една беседа од Григор Прличев, разгромот на либерализмот во Македонија, за нови библиографски објави на македонски теми итн.