Македоника Литера

СУРОВОСТ

  Ивица Пртењача
  Суровост
  100 ден.
 

    „Пишувањето на Пртењача сака отворено, со широко отворени очи, да комуницира со времето во кое живее, но во никој случај не сака да се додворува на упростените правила на денешното хрватско книжевно допаѓање од прво читање...

   Се надевам дека во тоа ќе се увери секој што ќе ја земе в раце `Суровост` – книга што со секој свој збор и болно и духовито, сака миговите на нечие можно читање да ги оддалечи од сите видови вакви или онакви суровости на кои сме (и биле и останале) изложени, знаејќи, а можеби и не знаејќи – зашто во голема мера веќе сме свикнале на нив.

Можеби поезијата постои да нè разбуди токму од тој полусон.“ (Делимир Решицки)

    Ивица Пртењача е роден 1969 година во Риека. Студирал кроатистика на Филозофскиот факултет во родниот град. Неговата поезија е преведувана и објавувана во многу домашни и странски списанија, антологии и избори. Добитник е на наградата за книжевност „25 Салон на младите“ во 1998 година во Загреб, а две години подоцна ја добил наградата за најдобра збирка песни на „Квириновите средби“ во Сисак, потоа наградата „Киклоп“ за поетска книга на годината во 2006 година во Пула, наградата „Добриша Цесариќ“ за книгата „Суровост“, како и меѓународната поетска награда на „Ратковиќевите вечери на поезијата“ во Црна Гора, 2010 година. Автор е на поетските книги: „Пишувањето ослободува“, „Ив“, „Земај сè што те смирува“ и „Суровост“, како и на романите „Добро е, убаво е“, кој во превод на македонски јазик го објави „Македонска реч“, како и на драмата „Неделен ручек“.

Втор час по пеење и мислење

Вјачеслав Купријанов

150 мкд.

130 стр./ A5 формат (200x140)

      Вјачеслав Купријанов (1939) е афирмиран руски поет, прозаист, есеист и преведувач. Во неговото творештво доминира поезијата. Својата прва поетска книга ја објавил во 1981 година, но со меѓународна афирмација почнал да се здобива уште по објавувањето на првите песни, така што за него пишува и Блаже Конески уште во 1979 година, препејувајќи негова песна на македонски јазик.

       Купријанов е добитник на десетина...

Брзината не убива

Владимир Илиевски

100 мкд.

108 стр./ A5 формат (200x140)

      Во оваа поетска книга Владимир Илиевски не отстапува од „утврдените“ правила на својата поетика. Сепак треба да се констатира дека тие „утврдени правила“ не го стеснуваат и не го намалуваат животниот естетски простор на неговиот поетски збор. Напротив, токму во тој простор егзистираат и импулсивно пулсираат свежите поетски иновации на Илиевски.

      Поетската книга „Брзината не убива“ на Владимир Илиевски е показател...

Небесни стражи

Јовица Тасевски Етернијан
НЕБЕСНИ СТРАЖИ
100 мкд

„Исполнета со крупни, јадри поими и со беспоговорни синтагматски спреги, таа во својата длабина открива висок суптилитет, речиси кревка лирска тантела, небаре пајажина од најчисто лирско предиво.

Тоа се куси и  збити лирски целости во кои сè е прочистено, проветрено и еднаш засекогаш стабилизирано на своето вистинско место. Неговата песна ни се препорачува и со очигледна интелектуална чистовина, со дефинирана позиција во согласност со...

Поезијата во животот на поетот / Die poesie im leben des poeten

Саво Костадиновски 

150 мкд.

147 стр./ 200x130

      Книгата е двојазична – на македонски и на германски јазик. Темата не е поетична, но е поетска. Во таква тесна рамка авторот ги ниже своите лирски записи. За тоа, во предговорната белешка, вели:

      „Сето мое животно искуство е и поетско искуство.

      Сиот живот, или поточно откако почнав да се нур­ну­вам во бескрајниот литературен свет, преокупиран сум со поезијата. Таа ми е составен дел од животот, таа ми е живот во...