Македоника Литера

За жените

Бинг Син

300 мкд 

171 стр./ A5 формат (200x140), 2020 г.

Прочитај извадок

    Бинг Син е најпознатата фигура на ’женското писмо‘ во кинеската литература на 20 век. Во оваа книга ја раскажува сопствената верзија на феминизмот. И го поставува прашањето: Дали мажите или жените се поквалификувани да зборуваат за проблемите на современите жени?
    Оваа книга содржи раскази за различен тип жени и кои нудат различни претстави за
жените, а во кои се оформува ставот за жените во целина.

    Приказните се раскажани од машки наратор, факт што авторката го прикрива до 1980 година, кога превезот за тоа го симнува во предговорот на третото издание на книгата. Својот оригинален стил го комбинира со поетичниот израз кој е истакнат во класичната кинеска лирика, со наративен реализам, во луцидна и провокативна синтеза.
    „За жените“ покажува дека феминизмот на Бинг Син може да се разгледува во однос на нејзината употреба на нарацијата како ироничен трик. Софистицираниот машки наратор кој гоприкрива полот на авторот функционира суптилно за да го поткопа машкиот авторитет и неговата појава на апсолутно господарење.

    Во предговорот на второто издание, напишан во 1945 година, Бинг Син го изразува своето мислење дека поверојатно „господата“ повеќе ќе ја читаат нејзината книга отколку жените. Шеснаесетте текстови што ја формираат збирката како целина нудат различни претстави за жените. Првите две приказни се особено важни во однос на поставените прашања, како и за ставот кон жените во целина.