САЕМ НА КНИГАТА 2025
Почитувани, пријатели, читатели и љубители на книгата,
По неколкугодишна пауза, годинава „Македоника литера“ ќе учествува на Саемот на книгата во Скопје, што ќе се одржи од 8 до 14 мај во СЦ „Борис Трајковски“.
Ве покануваме да го посетите нашиот штанд, на кој ќе бидат понудени над 600 наслови од областа на белетристиката (домашна и преведена), литературата за деца, драмската литература, историографијата, книжевната теорија, книжевната и културната историја, лингвистиката, филозофијата (посебно старокинеската)...
Ќе понудиме богат избор, добар квалитет, пристојни цени.
За време на Саемот на книгата ќе организираме и три промоции на нови книги:
- на 8 мај, во 18 часот - промоција на две нови книги на Ѓоре Ѓелев: „Човекот без сенка“ и „Љубовен бележник“,
- на 9 мај, во 11 часот, промоција на најновата книга на Киро Донев - романот „Дневникот од штрковото гнездо“,
- на 12 мај, 13 часот, промоција на книгата раскази „Фрагменти од писма што никогаш нема да бидат пратени“ од Марина Димитриева Ѓорѓиовска.
На 9 и 10 мај, од 11 до 14 часот, гостин на штандот на „Македоника литера“ ќе биде Киро Донев, кој за своите читатели ќе потпишува свои книги.
Ве очекуваме.