Виолета Мартиновска
Апокрифите во македонската писмена традиција, кн. 1
200 мкд
Во книгата се анализирани два значајни средновековни ракописа од Македонија – Тиквешкиот (XV) и Попдраголевиот зборник (XIII). Поточно, во трудот е обработена историјата на проучувањата на преписите од овие два зборника, извршена е споредба на Библијата со апокрифите, анализиран е Аврамовиот циклус во Тиквешкиот зборник, како и циклусот на виденијата во двата зборника, а се приложени факсимили од апокрифните текстови.
„Апокрифите се тајни, скриени, недостапни, мистериозни книги – пишува авторката. Тие можат да се дефинираат како религиозна белетристика која поради занимливоста, креативноста, слободата на изразот, популарните теми и мотиви, станува широко распространета народна литература.“