Македоника Литера

Беседа против богомилите на Презвитер Козма

Илија Велев
Беседа против богомилите на Презвитер Козма 

400.00 ден.
230 стр., Б5 (240 х 170), 2011

 

„Беседа против богомилите на Презвитер Козма“ е интегрално објавена во две верзии: на црковнословенски и на современ македонски јазик, но делумно и во факсимилна форма. Во оваа книга таа е првпат целосно објавена на современ македонски јазик – досега беа објавени само фрагменти.

Објавувањето на двете верзии на двата дела од текстот на полемичката Беседа на Презвитер Козма й овозможува на пошироката читателска и научна јавност во Македонија да се запознае со неговата содржина, која како антибогомилска ги разоткрива изворните учења и идејни тенденции на богомилите. Овој духовен и културен феномен од македонската традиција досега е малку познат, при што објавувањето факсимилно на ракописен препис, расчитан старословенски текст и превод на современ македонски јазик само ја проширува претставата за богатото македонски културно-историско и ракописно наследство. Ова средновековно дело му припаѓа на охридскиот духовен и книжевен центар.