Еден од највпечатливите и најлирски романи во романската литература, во кој авторот, користејќи богат, метафоричен и речиси музикален јазик, со зборови ни ја слика магнетната и фатална привлечност меѓу младата и талентирана Лучија (Лорелеј) и циничниот писател Катул Богдан. Оваа интензивна и чиста љубовна приказна која започнува преку фасцинантна и анонимна преписка – која, патем, ги содржи некои од најубавите љубовни писма воопшто напишани во романската литература, претставува и една длабока, меланхолична и трагична приказна за непомирливите разлики меѓу реалниот свет и апсолутната и идеализирана љубов.
Но ова не е само обична патетична романса, туку длабока психолошка драма за човечката суета, идеализацијата на саканиот и кревкоста на апсолутната среќа. Прекрасно емотивно четиво, врвен дострел на романската проза, кое бара зрел читател способен да го дешифрира комплексниот код на емотивната и стилска суптилност.
Во „Лорелај“ (1935) на Јонел Теодореану (1897 – 1954), главниот лик е Лули, осумнаесетгодишна ученичка која се вљубува во својот професор, Катул Богдан, и се свршува со него само три дена по нивната прва средба. Богдан е писател опседнат со работата, па Лули набрзо почнува да се чувствува напуштено и сакано. Со помош на својата пријателка Габриела, Лули започнува игра со својот сопруг. Таа пишува песни, а ја тера Габриела да ги препише, да ги потпише со псевдонимот „Лорелеј“ и потоа да му ги испрати по пошта на сопругот. Катул е воодушевен од квалитетот на песните и полека се вљубува во жената што ги напишала. По некое време, кога Габриела ги посетува, тој здогледува лист хартија со нејзиниот ракопис и поверува дека таа е мистериозната „Лорелеј“. Лули сфаќа што се случува, но пред ситуацијата да се разјасни, се случува голема несреќа…
Предов од романски јазик: ИринаКроткова.





