
Сјајот на темнината
100,00 ден
Нема на залиха
Во оваа книга, која е составена од тресетина песни, младата поетеса Викторија Богданова (1991, Велес) нуди исклучително зрело лирско писмо, покажувајќи дека многу рано, уште на тинејџерска возраст, го совладала занаетот за поетската слика и за метафората, а поради што нејзината книга може да се смета за една од најдобрите објави на млад автор досега во македонската литература.
На своевиден тинејџерски начин и со тинејџерски дух создава поетски метафори кои се издигнуваат во врвот на македонскатa поетската уметност.
„Сјајот на темнината“ претставува вдахновен, елоквентен и динамичен пев со истенчено лирско чувство за чувствата, за младешкиот сензибилитет и душевниот немир, за темните опсесии и светлите рефлексии кои се пресретнуваат на границата меѓу светлината и темнината, но е пев и за многу младешки теми и дилеми за светот околу себе и за светот во себе. Овој пев е вистинска ода за љубовта.
Љубовта провејува низ секој стих, откривајќи ја нејзината настроеност релативноста на светот да се обои со сјајот на чувството, со блескотот на внатрешниот оган, кое ја осветлува најморничавата темнина, барајќи ружа меѓу трњето, молитва меѓу клетвите, совршенство меѓу надворешната едноличност…




