Превентива и заштита на иконите

200,00 ден

Златко Танасковски

196 стр./ A5 формат (200x140)

Иконите, како и сето движно културно наследство во Македонија, отсекогаш биле изложени на кражби и на нелегална трговија. Ова е книга која нив ги третира од историографски, културолошки и криминолошко-безбедносен аспект, но првенствено од аспект на заштитата на старите икони кои сѐ уште се чуваат во македонските цркви и манастири.

Во книгата најпрвин авторот пишува воопшто за иконите во Македонија како културно наследство, а потоа се зафаќа со анализа на голем број превентивни и безбедносни аспекти во зачувувањето на иконите.

Рецензентот проф. д-р Илија Велев, во поговорот, меѓу другото, пишува:

„Книгата претставува мошне смел и оригинален научноистражувачки зафат, кој има достојно чувство за извонредната актуелност на оваа тема и за потребата таа да влијае врз мотивираноста да се пристапи кон организирање ефикасни механизми за функционална превенција и заштита на овој вид исклучително вредно културно наследство… Книгата и практично го оправдува интердисциплинарниот пристап на обработката на ваков вид на научни резултати, што ја прави првична и неопходна, но истовремено и податлива за од неа да се црпат насоки за ориентација на изложување на научни или на стручно-безбедносни аспекти.

      Златко Танасковски има повеќегодишно искуство во институции од областа на аналитиката и оперативата, со проблеми поврзани со културата, културното наследство и развојот на културните процеси во Македонија, со голем број теренски истражувања и анализи за заштита на културното наследство на Република Македонија.

Танасковски е автор на прирачник за аналитичко работење во разузнавачките служби, како и на повеќе осврти од областа на организираниот криминал и културно наследство.

Оваа книга е негов магистерски труд одбранет во Институт за македонска литература во Скопје.