| Повез | Мека корица, Тврда корица |
|---|

Дрвото сладок портокал
Price range: 300,00 ден through 400,00 ден
(Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)
„Дрвото сладок портокал“ ги содржи најрепрезентативните 12 раскази напишани од Цао Венсјуан (1954), кои претставуваат четива за светот на вистинското, доброто и убавото. Цао Венсјуан е автор и на истражувачки дела за литературата и сценарист и е добитник на неколку книжевни награди и награди за сценарио на филмски фестивали во Кина и во светот.
Цао Венсјуан, во воведната белешка пишува: „Куќата е дом. Куќата е најстарото сеќавање за луѓето. Куќата е поврзана со човечкото разбирање на концептот на домот. Домот е засолниште, место на топлина, место за одмор на душата и основна причина за продолжување на животот. Всушност, многу работи што се случуваат во светот се поврзани со домот. Среќата, страдањето, отфрлањето, молитвата, борбата, повлекувањето, жртвата, бегството, војната и мирот се поврзани со домот. Илјадници луѓе се бореле во минатото, вревата од битката ечела, а крвта била насекаде на бојното поле, само за да го одбранат домот. Домот е светост како гнездо на врвот на висок багрем… Значењето на домот е бесконечно. Кога пораснав, желбата за правење куќи во моето детство не исчезна, туку се засили со возраста и со продлабочувањето на перцепцијата за животот. Но, материјалот веќе не беше кал, гранчиња и плевел или коцки, туку карактери. Куќата на карактерите (* – кинески букви) е мое светилиште – мое духовно светилиште… Со текот на годините, напишав многу карактери и објавив многу книги, во кои всушност ја градев својата куќа. Куќата не е изградена само за мене, туку е изградена и за вас, ако не ви пречи.“
Превод од англиски јазик: Дијана Крстевска




