
Татко и отец
250,00 ден
Нема на залиха
Книгата е означена како роман во раскази, а содржи 27 раскази структурирани во една романескна целина. „Татко и Отец“ како природно надоврзување на двете книги на Кацаров во прозна форма „Цартаровата Чичитра“ и „Дневникот на Омир“.
Ова е книга со прозен дискурс во кој авторот вметнува елементи на смешното, гротескното, фарсичното и комичното, како и на трагичното. Тоа на овој автор во македонскиот книжевен круг му дава независна позиција – констатација која произлегува од посериозното впуштање по лавиринтите на неговиот прозен дискурс и кога неминовно се наметнува заклучокот дека кај него има најмногу смешно, фарсично и трагикомично истовремено. Во најновото прозно остварување, главната личност е таткото на кој Кацаров му дава квалификација на Отец.




