Михај Манеску
Илустрации: Бјанка Брату
450 ден.
250 стр., 200 х 140 мм, 2026 г.
„Приказната за волшебниот принц“ е исклучително доживување од аспект на современата фантастика, во кое Манеску зема легендарен јунак од класична романска бајка и го внесува директно во хаосот на модерниот Букурешт. На почетокот на приказната две деца случајно го среќаваат тој јунак од бајките – принцот Харап Алб, а потоа заедно, тој и пет деца, тргнуваат во динамична, возбудлива авантура низ градот за да го заштитат скриеното богатство од лукавиот и модернизиран негативeц – Ќосиот. Но ова не е само детска авантура, туку и топла приказна за созревањето, тешките одлуки и пријателството. Судирот меѓу логиката на старите бајки и модерниот град и обидот на средновековниот јунак да се снајде со модерната технологија и градскиот живот, создава фантастичен хумор, тензија и магија, правејќи го ова дело ретко богатство кое му оддава почит на класичното творештво, но истовремено гради возбудлив свет кој ги привлекува и децата и возрасните.
„Богатството на волшебниот принц“ ја раскажува приказната за Себастијан, 13-годишно момче кое преживеало ужасна сообраќајна несреќа во која животот го загубила неговата мајка. Себастијан е принуден да се пресели кај својот отуѓен татко и да ги продолжи своите секојдневни активности по долг период на закрепнување и конфузија.
Заедно со своите пријатели Хорија, Бобо, Лети и Ирис, Себастијан се обидува да продолжи да се справи со тоа што му се случило. Еден ден наидува на мистериозно писмо адресирано до неговата мајка, а потпишано со иницијали Х. А. Во писмото се...

Читлива и симпатична приказна, која потсетува и на бајка и на басна. Главниот лик е еден од најпопуларните херои од животинското царство – мечката. Тоа е приказна зошто планината над Загреб го добила името Медведница, но и приказна за тоа како мечките живеат и преживуваат таму. Што јадат? Кој им е пријател, а кој им е непријател? Дали често среќаваат луѓе? Како се забавуваат? Какви авантури доживуваат? 
142 стр., 200 х 140 мм, 2026 г.
раскажани од Киро Донев