Жени

300,00 ден

Михаил Себастијан

160 стр., 200 х 140 мм, 2026 г.

Категорија

Исклучително суптилен, меланхоличен и писхолошки изграден портрет на љубовта, фрагментиран низ четири различни приказни. Објавено во 1935 година како дебитантско прозно дело на романскиот автор Михаил Себастијан (1907 – 1945), ова дело нуди интимен увид во емотивниот свет на мажот и комплексноста на женската природа, набљудувани низ призмата на меѓувоената епоха во 20 век.

„Жени“ не е класично дело со линеарно дејство, туку емотивен калеидоскоп, во кој авторот, правејќи прецизна студија за ранливоста, копнежот и различните лица на љубовта, ја сецира човечката душа. Патувањето низ страниците е лесно поради прекрасниот стил на авторот, но остава долготрајна трага врз мислите на читателот.

Четирите приказни, презентирани хроно­лошки, секоја е фокусирана на различна фаза од животот на Ште­фан Валериу и на жените во неговиот живот.

Штефан Валериу, млад доктор и дипломат, е единствената врска помеѓу четирите прозни дела во книгата на Михаил Себас­тијан. Сместен во улоги со исклучително различни тежи­ни, тој е или протагонист или обичен гледач. Шесте жени во романот, млади или зрели, ги претставуваат хипостазите на женскиот еротизам, физичката и духовната љубов.

Штефан Валериу поминува низ различни фази од својот живот – најпрво е студент, потоа доктор и на крајот кабаре пијанист, доживувајќи љубов и сложени врски со различни жени. Дејството се одвива главно во Франција, особено во Париз, каде што Себастијан студирал помеѓу 1929 и 1931 година, што им дава на кратките раскази автентична атмосфера на тоа време.

За еден млад човек, светот се чини дека е направен само од жени, а жените се како да се направени само од љубов. Во чети­ри различни приказни, шест жени ги претставуваат хипоста­зите на женскиот еротизам во светот. Во првиот расказ, „Рене, Марта, Одет“, Штефан Валериу е протагонист и истовремено открива три возрасти на женственост, три начини да се биде вљубен. Во вториот, „Емилија“, тој е едноставен сведок и доктор. Во третото прозно дело, „Марија“ е примател на писмо од жена (уште една г-ѓа Т.), па неговиот глас е тивок, така што во последниот текст, „Арабела“, тој повторно станува протагонист и достигнува вистинска фаза. Секогаш кога конкретизира една верзија на животот, се откажува од другите, за кои често жали. И секогаш кога жали за некој избор, како што замислува еден од ликовите, „тоа би можело да го дезорганизира универзумот“. Оттаму, книгата дава утешно чувство за релативноста на живот­ните избори.

Романскиот книжевен критичар Михај Јованел за овој роман пишува: „Овој кус роман нуди пријатно искуство и за оние кои го читаат првпат и за оние кои го препрочитуваат. Начинот на кој Себастијан ги претставува жените овде може да ја поткрепи обвинението за мизогинија. Тие обично се појавуваат во пасив­ни хипостази, имаат статус приближен до оној на растенија или предмети, или се идентификуваат како едноставни додатоци на мажите. Сите овие детали мора да се читаат, се разбира, во интелектуалниот контекст на ерата. Мизогинијата беше вооби­чае­на во тоа време што ја спротивставуваше ’пасивноста‘ на жените (кои се заслужни за способноста да создаваат само биолошки, но не и во културата) на креативната енергија на интелектуално ниво преку која мажите беа легитимирани.“

Истражувачката Андреа Апосту пишува: „Пријатно четиво, полно со емоции, „Жени“ од Михаил Себастијан е составена од четири приказни за љубовта, кои можат да се читаат по редо­следот што го смислил авторот или случајно. Под рефлекто­рите: маж и неколку жени, во кои се заљубува во различни моменти од својот живот. Штефан Валериу е поврзувачкиот елемент помеѓу четирите текста, понекогаш во центарот на вниманието, понекогаш во обичен гледач. Љубовта се појавува во различни форми, физички и духовни, кај млади или зрели жени. Истражување на женственоста и љубов­та, напишано во тоничен стил.“

Превод од романски јазик: Ирина Кроткова.