
Детето на ветрот
300,00 ден
„Детето на ветрот“ е дело на фантазијата што го раскажува магичниот живот на Бенбен во долината „Сребрена Трева“. Со интересни ликови, со топол и нежен тон, убаво напишана и со бујна имагинација, оваа книга гради бајковит свет на убавина, добрина и чистота. Бенбен е дете на ветрот. Бенбен може да го разбере јазикот на животните, да комуницира со самовили; патува наоколу со мајка му – ветер, ја решава кризата на една земја и спасува животи на животни во планина… Тој ги решава сите проблеми поврзани со природата или со животните.
Романот „Детето на ветрот“ е добитник на највисоката награда за најдобар фантастичен роман за деца „Бел кит“ во Кина.
Превод од англиски јазик: Бојана Богдановска




