
Леон, ученикот на волшебникот
300,00 ден
Леон треба да стане крал, но тој не го сака тоа. Тој само сака да чита книги, додека пак неговиот помлад брат го интересира само владеењето со кралството. И покрај тоа што Леон своеволно се откажува од круната, неговиот брат во него гледа потенцијална опасност и го заточува во кулата. И така Леон, изолиран од сите, престојува во кулата и чита… Сè до еден ден кога одлучува да побегне и да го запознае светот за кој толку многу ќе научи и ќе спознае од книгите. Го очекуваат безброј возбудливи патешествија и средби со необични ликови, а со секоја средба тој станува побогат и поискусен… Така станува и ученик на Антадор, волшебникот со голема моќ, меѓутоа неговите намери секогаш не се добри…
Книгата содржи поучни приказни за растењето, наменети за децата, но и за оние коишто сè уште во душата се чувствуваат така.
Превод од хрватски јазик: Елена Саздовска




