Книга за изгубеното и украденото богатство на македонската црква, за најзначајните уметнички дела, инсигнии и предмети на применетата уметност кои некогаш биле дел од трезорот на Охридската архиепископија, а денес се распрснати главно во неколку музеи во соседството. Книга за значајни примероци на црковен вез, реликвии, крипти, мали иконки, енколпиони…, но и за: раната црква во Македонија, културните и епископски центри во Македонија во времето на Јустинијан, ранохристијанските, средновековните и нововековните светци и маченици од Македонија.