Разнесено наследство

600,00 ден

Нове Цветаноски

112 стр., 270 х 205 мм, 2006 г.

Во „Разнесено наследство“ се изнесени најзначајните релевантни податоци и сознанија за уништувањето, разграбувањето и разнесувањето на сите видови движно културно наследство (ракописно, археолошко, етнолошко, сакрално) што е вршено во минатото на територијата на Македонија.

Во сета историја, а посебно од првата половина на 19 век, па до Втората светска војна, културното наследство во Македонија е безмилосно уништувано, разграбувано и разнесувано. Нанесена му е огромна катастрофа, а посебно на движното наследство.

Оваа книга е единствената во која поцелосно и подетално на едно место аргументирано и документирано се говори за судбината на сите видови културни наследства, односно дава одговор на прашањето: Како и од кого е уништувано, како е разграбувано, каде е носено и каде се наоѓа денес разнесеното македонското движно културно наследство, односно кои значајни старини од македонската територија во кои музеи, библиотеки, архиви и колекции се чуваат во светот.

Книгата е објавена двојазично, на македонски и на англиски јазик и со стотина фотографии (делумно во боја).

Категорија