
Сите црвенкапи се исти
450,00 ден
Нема на залиха
(Награда Витал)
Роман на „српскиот Буковски“, уредник во „Плејбој“, контроверзен, но еден од најчитаните српски писатели во 21 век. Бестселер со седум изданија. Драматична и потресна приказна за една изгубена генерација, за животот меѓу стихијноста, демоните и пороците.
Главниот јунак во романот, кој е главен лик и во другите книги на Видојковиќ и е авторовото алтер-его, го раскажува својот губитнички, безнадежен живот кој го живее меѓу стихијноста, демоните и пороците во својот изобличен град, меѓу изобличени луѓе, во изобличена земја, а приказната постепено од забава се претвора во поука и во опомена од последиците на суровостите што ги носат транзициските, поствоените и урбаните лавиринти, односно бруталната, апсурдна и обесмислена стварност.




