
Суво мастило
400,00 ден
второ издание
Финалист за наградата „Роман на годината“ во 2021 година.
Роман за Едуард Пенкала, пронаоѓачот на пенкалото и на уште многу други пронајдоци.
Дејството на романот тече во бурниот период на преминот меѓу XIX и XX век и се одвива во неколку средини во Европа (Битола, Дрезден, Загреб, Софија…). Животните патишта на славниот хрватски инженер и пронаоѓач и на македонски чорбаџиски син, студент по музика во Дрезден, се сечат во временски, просторни и судбински точки. Тие точки отвораат моќни егзистенцијални прашалници кои не се поврзани само со времето и просторот, туку се и универзални.
Овој роман не е само приказна за изумителот на пенкалото. Овој роман содржи повеќе приказни.




