
Влезница за иднината
200,00 ден
„Влезница за иднината” е книга исповедни интервјуа со значајни творци и креатори (од различни генерации, средини и професии): писатели, ликовни уметници, музичари, драмски, балетски и филмски уметници и критичари, кои со своите вредности се вткаени во културното милје на Македонија и зборуваат за нејзините достоинства, во кои се вградени и нивните творечки заложби.
Соговорниците откриваат многу живописни, интимни и значајни детали од сопствените животни и творечки врвици, за кои главно нема податоци во нивните биобиблиографски и критичко-есеистички написи. Интервјуирани се: академиците Тодор Скаловски, Блаже Конески, Анте Поповски, Васко Ташковски, Томе Серафимовски, акад. сликари Трајче Јанчевски, Владимир Георгиевски, потоа Илија Милчин, Трајко Стаматовски, Емил Рубен, Љутви Сејфула, Емилија Џипунова, Лилјана Георгиевска и Добрила Пуцкова..




