Македоника Литера

Лисицата трговец

Шен Шиси

200 ден.

205 стр. / A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

    Збирката „Лисицата трговец“ е составена од седум раскази во коишто се прикажани диви, но и домашни животни. Самиот наратив е напишан во лесно читлива форма и содржи многу информации за однесувањето на животните и нивната емоционална интелигенција; во него се прави паралела меѓу однесувањето на луѓето и животните и се отвораат морални и еколошки прашања, прашања за потребната одговорност и меѓусебното помагање.

    Во книгата се прикажани различни карактери на различни животни. Тие имаат и различни чувства; и чувства за љубов и чувства за грижа и одговорност. Нивните карактери и меѓусебни односи се одраз на човековите карактери и односи. Во ова книга има сурови, но и топли и трогателни приказни.


     Во предговорот на кинескиот издавач на изданието на кинески јазик за книгата е напишано: „Животните што се прикажани во оваа емотивна збирка имаат длабоки емоции. Не само што ја разбираат љубовта, туку имаат и необјасниво чувство за одговорност и се способни таа одговорност да ја понесат на своите раменици. Како и во животот, застапени се и оние кои поседуваат многу полоши карактеристики. Тука се и оние кои се користољубиви, измамници, арогантни и злобни, дури и во царството на животните. Без разлика за кои видови станува збор, овие животни и нивните приказни нè потсетуваат на човештвото како целина и ни овозможуваат да се преиспитаме за тоа какви се нашите ставови и нашето однесување спрема животните и природата.“

Летото на Поер (Најдобрата кинеска литература за деца)

Џанг Ѓие

Мека корица: 200 мкд

Тврда корица: 300 мкд

207 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

      Џанг Ѓие во „Летото на Поер“ пишува за девојките, за сите нови, познати и непознати и магични нешта кои се јавуваат во пубертетот и потоа. Пишува отворено на реални теми и затоа нејзините раскази се многу читани.

Во својот предговор на оваа книга таа пишува:
„Бистрите очи на момите лебдат пред мојот...

Животот е живот (Најдобрата кинеска литература за деца)

Џанг Хаиди

Мека корица 200 мкд

Тврда корица 300 мкд

226 стр./ A5 формат (200x140)

 Прочитај извадок

    Книгата "Животот е живот" е збирка од 30 раскази за деца.  Во Кина досега имала седум изданија.

Во предговорот авторката вели:          

„Оваа книга е зелениот лист на мојот живот. Досега имаше седум изданија. Многу пријатели ми пишуваат за да ми кажат дека многу им се допаѓа оваа книга, што мене ме исполнува со огромна среќа. Но, понекогаш се чувствувам вознемирена затоа што оваа...

Приказните на Фанг Гуоsи (Најдобрата кинеска литература за деца)

Џоу Жуи

Мека корица 200 мкд

Тврда корица 300 мкд

243 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

     „Приказните на Фанг Гуоѕи“ на Џоу Жуи (1953) содржи 14 раскази, кои се поврзани со ист лик и претставуваат своевидна целина. Во оваа книга тој пред публиката распостила еден интересен свет исполнет со детска забава и живост и хумор.                             За себе во предговорот на книгата Џоу Жуи пишува: „Кога бев дете, никогаш не помислував да станам писател, сакав да станам сликар...

Тајната на слатките јагоди (Најдобрата кинеска литература за деца)

 Танг Сулан

 Meка корица 200 мкд

 Тврда корица 300 мкд

 206 стр./ A5 формат (200x140)

 Прочитај извадок

      Книгата на реномираната кинеска писателка Танг Сулан содржи избор од пет подолги современи волшебни приказни: „Златниот Мечок и Пролет“, „Коњот што живееше на врвот на облакодер“, „Тајната на слатките јагоди“, Кројачницата на бубамарата“ и „Куќата од тиква“, како и 19 раскази од циклусот „Чудесната градина“, посветени на природата и на животинскиот свет...