Македоника Литера

Приказни големи колку дланка (Најдобрата кинеска литература за деца)

   Џанг Ќиушенг

   Мека корица 200 мкд

   Тврда корица 300 мкд

   205 стр./ A5 формат (200x140)

   Прочитај извадок

 

    Џанг Ќиушенг (1939) е главен уредник на Шангај јут дејли. Негови најпознати книги се: Тимот на клукајдрвците и Рози во камупсот (собрани песни за деца), Мајмунот кој учи вештини (собрани песни и приказни), Верверицата и нејзините другари, Главната вештерка на чаталестото дрво (приказни) итн.

    Добитник е на неколку високи награди за книжевност. Неговата уметничка концепција секогаш е насочена кон теми како што се љубовта и убавината, како и кон корисно и мудро, концепциско размислување.

   

Во овој авторски избор се објавени околу осумдесет куси раскази, бајки и басни, поделени во неколку тематски целини. Во предговорот на оваа книга тој пишува: „Моето срце е исполнето со приказни... Откако пишував песни за деца повеќе од дваесет години, одеднаш добив идеја: ’Би можел ли да напишам посебни дела со карактеристики на песните, есеите и приказните што ги сакав?‘ Така, решив да се обидам и – резултатот се ’приказните големи колку дланка‘. За среќа, овој посебен вид дела, кои се куси, поетични, емотивни и конотативни, набргу ги добија симпатиите на најмалите читатели...“

   Нарачај 

Прва љубов на розевата улица

    Натали Спасова

    150 мкд.

    96 стр./ A5 формат (200x140)

 

    (роман за тинејџери – трето издание)  

    „Прва љубов во Розевата улица“ на Натали Спасова (1989) е роман кој й е наменет првенствено на тинејџерската читателска популација.

   

     Напишан е од млада и талентирана авторка, мошне инвентивно и на исклучително високо естетско ниво. И покрај тоа што делото е напишано уште на нејзината 13-годишна возраст, тоа остава впечаток дека е создадено од перо на искусен и...

Дарко во зоо паркот

 Киро Донев

 150 мкд

 152 стр. /A5 формат (200x140)

 Прочитај извадок

     Најновата книга на Киро Донев,  „Дарко во зоо паркот "  е поделена во два дела, во првиот – „Дарко во зоо паркот“ се објавени триесетина текстови во кои се претставени исто толку животни. Претставени се
преку разговор што го води главниот лик – младиот новинар Дарко. Всушност, најпопуларните
животни за децата се претставени низ дијалози од аспект на самите животни. На овој...

Тоње Глимердал

  Марија Пар

  300 мкд

   228 стр., 200 х 140 мм, 2017 г.

 

Ова е роман на новата Астрид Линдгрен.

   Палавото девојче Тоње Глимердал - `фуријата на Глимердален` е новата Попи Долгиот Чорап.
Во овој роман децата никогаш не се виновни, секогаш се во право и многу често се покажуваат помудри од возрасните.
 
    Ново ремек-дело за млади од скандинавската литература!

    Нарачај

Собрани дела том 1: Дивата убавица

  Горан Б. Стојаноски

  300 мкд

      Првиот том од собраните дела ги содржи трите романи – сказни: Дивата убавица, Вилар и Доживувањата на Геге супер Геге.

      Во сказните на Горан Б. Стојаноски се раскажани необични доживувања на малечките јунаци кои може да се појават во детската фантазија и претставуваат персонификација на современите мали итроманчиња, необични а секојдневни јуначиња. Горан раскажал интересни приказни, но неговите приказни имаат и едукативна вредност...