Македоника Литера

Персискиот мачор Пек (Најдобрата кинеска литература за деца)

Гао Хонгбо

Мека корица 200 мкд

Тврда корица 300 мкд

248 стр./ A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

      Гао Хонгбо (роден во 1951, жител на округот Каилу, Внатрешна Монголија) е раководител на Комитетот за литература за деца при Кинеското здружение на писателите. Има објавено 14 поеми за деца, како: Слонот судија, Гуска, гуска, гуска, Крокодилот каменојадец, Тајната на бујната пролет, Те сакам, Лисица; повеќе од 30 есеи, меѓу кои и Персиска мачка, Пијан сектор, Животна фарса, Воената проза на Гао Хонгбо, Значењето на мастилото и шармот на мастилницата; 11 приказни за деца, вклучувајќи ги Тајната на птичјиот камен, Рибата фенер, Го сретнав зајакот Бубу итн. и осврти, како што се Гуска натоварена со приказни – краток осврт на кинеска и странска литература за деца, Љубовничко дрдорење кон музата. Во 2009 година беа објавени Собрани дела на Гао Хонгбо во осум тома. Добитник е на највисоките кинески награди за книжевност за деца. Во овој том, во избор на авторот, се објавени осумдесетина куси раскази, бајки и басни.

     

     Во својот предговор на овој избор, Гао Хонгбо пишува: „Литературата за деца му припаѓа на целото човештво и на светот... Вистината, добрината, убавината, детската невиност, детските широки интереси, детската едноставност, среќата, радоста, возвишената имагинација, вклучувајќи ја и детската литература, се духовни витамини што ги крепат сите народи, исто како и есенцијалниот протеин и калциум.

Mагичниот папагал (Најдобрата кинеска литература за деца)

Ге Бинг

тврда корица 300 мкд

мека корица 200 мкд

248 стр. / A5 формат (200x140)

Прочитај повеќе

 

     Ге Бинг (роден во 1945 година во провинцијата Лиаонинг) во литературата за деца влегува во 1983 година и објавува повеќе од 100 дела со вкупно 10 милиони кинески знаци. Добитник е на неколку високи книжевни наградаи. Неговите најрепрезентативни дела, меѓу кои „Синиот Глушец и Мачорот Големо Лице“, „Малечкиот Заблуден Бог“ и „Малечкиот дух Сивото Гравче“, се адаптирани во цртани серии...

Легенда за мечето Панда (Најдобрата кинеска литература за деца)

Сун Јоуѓун

 

Meка корица 200 мкд

Тврда корица 300 мкд

226 стр. / A5 формат (200x140)

Прочитај извадок

 

 

    Сун Јоуѓун (1933 – 2015) во 1990 година тој бил номиниран за наградата „Ханс Кристијан Андерсен“ и бил првиот Кинез воопшто номиниран за таа награда. Негови познати збирки со бајки се: „Авантурата на Малиот Бутоу“, „Чудниот старец“, „Ноќта на продавницата за играчки“ и „Вентилатор без ветер“. Јоуѓун е еден до најтиражните кинески писатели за деца. Уште со својата прва книга...

Мирисливата птица (Најдобрата кинеска литература за деца)

 

 Ѓин Бо

 Meка корица 200 мкд

 Тврда корица 300 мкд

 278 стр. / A5 формат (200x140)

 Прочитај извадок

 

     Книгата содржи шеесетина бајки, избрани од авторот и групирани во четири циклуси. Во предговорот, за бајките пишува: „За децата, имагинацијата е нешто убаво и атрактивно; за писателите, уметничкиот израз на оваа имагинација е поубав и многу поатрактивен, бидејќи една имагинативна приказна ги содржи нивните емоции, мудрост и идеи.  

...

Било и се скрило

Киро Донев

150 мкд

130 стр./ A5 формат (200x140)

      Најновата книга на Киро Донев „Било и се скрило“ содржи повеќе од 80 песни поделени во пет тематски циклуси. Таа е вистински поетски бисер наменет за најмладите читатели, кај кои Донев е најпопуларниот и најчитаниот македонски писател.

      Во неа доминираат хумористично-сатиричните песни, а Киро Донев е познат и толку прифатлив од читателите токму по инвентивниот хумор и ведрина во неговото творештво. Иако се наменети за...