Македоника Литера

Доживувањата на Геге Супер Геге

Горан Б. Стојаноски
Доживувањата на Геге Супер Геге
150.00 ден.
       

Книгата е придружена со поговор на Горјан Петревски, кој меѓу другото, пишува: „'Доживувањата на Геге супер Геге' е сказна за осаменоста, но и за здодевноста, за радоста и за тагата, за вербата и за победата, за упорноста и оптимизмот.

Но и приказна која на извонреден начин влегува во суптилниот свет на карактерот на детето кое честопати побарува прибежиште во фантазирањето кое, обично, доаѓа по недоразбирањето во семејството и околината. Во таков случај неминовно е да се влезе во конфликт и пркос со средината каде што се живее.

Главните ликови во ,,Доживувањата на Геге супер Геге“ се млади и стари од една, но и животни и предмети од друга страна, доближени до детскиот свет на еден извонредно прикладен начин преку кој и се создава оваа топло и духовито пренесена сказна...

Ликот на девојчето Геге е доминантен субјект во приказната, но останува да доминира како спонтано изнијансиран профил кој, и покрај своите волшепства, ги задржува оние особини што ги поседуваат децата на нејзина возраст. Таа е, истовремено, и тажна и весела, и нежна и силна, и палава и умна, но во ниеден момент не се колеба меѓу праведното и неправедното, да го оддели храброто од плашливото, да го разликува веселото од тажното, а на тој начин, без да изгуби во очите на читателот ни малку од своите општочовечки особини. Ќе израсне во необичен лик од уште понеобична приказна, тоа девојче ,,едно на мајка“ кое преку ноќ ќе се претвори во јунак од фантазијата и волшепствата.“

Џуџести сказни

Горан Б. Стојаноски
Џуџести сказни
150.00 ден.
         „Џуџести сказни“ содржи триесет и шест добро компонирани детски сказни кои претставуваат една целина, но и кои доста се разликуваат една од друга поради тематската разновидност.

 

Книгата е наменета за деца од помала возраст. Во неа се раскажани необични доживувања на малечките јунаци кои  може да се појават во детската фантазија и претставуваат персонификација на современите мали итроманчиња, необични а секојдневни јуначиња. Авторовата...

Трпкавица в ногавица

Горан Б. Стојаноски
ТРПКАВИЦА В НОГАВИЦА – необични сказни
150.00 ден.
       

Како што укажува поднаслов, ова е книга со сказни – содржи четириесетина куси текстови напишани во сказновита форма. Книгата е поделена на три дела – во првиот се оние во кои главен е детскиот лик  и каде што во сказните се оди со фантазијата како производ на желбите кај децата, во вториот и најобемен циклус со дваесетина приказни, само го прифаќа континуитетот од првиот, преку поконкретни ликови од животот...

Во срцето на птицата

Владо Димовски
Во срцето на птицата
100.00 ден. 

„Во срцето на птицата“, која е наградена со наградата „Ванчо Нико­лески“ за најдобра книга за деца и млади за 2004 година, е објавен избор од радиодрамското творештво за деца на Владо Димовски. Објавени се шест текста: монодрамата „Јас, дете!?“, радиопиеските „Во срцето на птицата“, „Трите петки, волкот и Зелениот“, „2041-та“, „Врапчето што знаеше да зборува“ и „Децата – огледало на родителите“. Сепак, тие не можат тесножанровски да се определат...

Роден крај со срце

Саво Костадиновски
Роден крај со срце
120.00 ден.

Книгата содржи 45 кратки раскази, лирски и вдахновени и со теми од животот на современите печалбари, односно на младите генерации во македонската дијаспора.

Како што пишува Горјан Петревски во поговорот, расказите се со своја порака, а „пораките произлегуваат сами по себе од онаа исконска љубов на печалбарот кон своето родно огниште, за да му ја дадат насоката и на читателот, а секој расказ претставува ‘свечена воздишка’ која не може да го...