Најнови изданија
Реторички лексикон на поими и дефиниции
Трајко Огненовски
700 мкд
464 стр., Б5 (240 х 170)
„Реторички лексикон на поими и дефиниции“, напишан од проф.др. Трајко Огненовски, претставува прв ваков лексикографски труд за македонскиот јазик.
„Реторичкиот лексикон“ е во обем од над 4.000 единици и може да се смета за капитален проект за македонскиот јазик и за македонската лексикографија. Го зафаќа стандардниот македонски јазик, македонските дијалекти, македонската фразеологија и лексиката, третирани од реторички, комуникациски и лингвистички аспект.
Лексиконот навлегува во реторичката сфера на македонскиот јазик со цел да им помогне на корисниците за запознавање, покрај другото, и со општите и посебните реторички особености на македонскиот јазик, како и со улогата на самиот јазик во ораторството.
Претставувањето на реториката во форма на прирачник (лексикон), по абучен ред е исклучително корисно. Ваквите видови творечки дела се оправдани од голем број причини, а најповеќе од изразувањето преку помагање во навлегувањето во сферата на една научна област со мултидисциплинарен карактер. Не мал број од застапените термини постои доктринско разминување во сфаќањето како и променливост на класификацијата, кои по прочитот ќе се дојде до конкретното, сфатливото и блискоста со реториката. Такви термини од друга област, поместени во Лексиконот, помагаат во разјаснување на одреден проблем.
Тие се потврда дека реториката има допирни точки со лингвистиката, стилистиката, филозофијата, социологијата, психологијата и др. општествени научни области.
„Одредниците (заглавните поими) на македонски јазик се печатени со верзални букви...
Пената на црниот бран
Владимир Илиевски
150 мкд
Книгата содржи 17 раскази, од кои еден дел претходно се наградувани на анонимни конкурси.
Во своите раскази, Илиевски не посегнува кон минатото круто и фактографски, туку напротив, преку вешто наративно изградените состојби и карактери се обидува да ја сруши хронолошката дистинкција помеѓу времињата, со цел да го разбуди размислувањето кај читателот и да предизвика едно несомнено книжевно задоволство.
...
Македонскиот 19 век
300 мкд
„Периодот на 19 век во Македонија отсекогаш сум го сметал за најживописниот, најдинамичниот и најбруталниот период во историјата на македонскиот народ. Токму поради тоа му посветив и најмногу внимание како книжевен историчар, осврнувајќи се во своите дела и книги на некои од најинтересните личности од овој период, вклучувајќи ја и нивната книжевна работа...
Овој период е од витална важност за опстојувањето на Македонците како народ и ... најважните потези по...