Најнови изданија
Шаманизмот во македонската народна традиција
Ана Витанова-Рингачева
550 мкд
304 стр., 240 х 170 мм, 2019
„Шаманизмот во македонската народна традиција“ е научен труд со повеќеслојна структура и содржина. На крајот се објавени и фолклорисички и етнографскии прилози.
Овој труд го претставува шаманизмот како културен и религиозен феномен, во неговите основни историски и културни видови, почнувајќи од неговата генеза, па сè до неговата рефлексија врз животот на дадена зедница.
Во заклучниот текст, авторката, меѓу другото, пишува:
„Шаманизмот како специфична техника на екстаза и магиска практика претставува мистичен феномен, кој подразбира екстатично патување на човекот-шаман во светот на духовите и способност за општење со светот на оностраното. Иако шаманизмот како религиозен феномен нема да се издигне на степен на религија, елементи од шаманското екстатично искуство се наоѓаат во основата на сите доминантни религии. Шаманзимот како архаична техника на екстатично патување е присутен како `преживелица` во македонската народна традиција. Фолклористичката и етнографската граѓа која беше предмет на анализа, само ја потврди тезата дека реликти од шаманизмот се препознаваат во многу слоеви од македонскиот обреден и приказничен фолклор. Истражувањето на шаманистичките елементи во наши локални рамки и разоткривањето на нивното директно влијание врз обичаите и верувањата кај македонскиот човек, покажа дека се работи за универзален обреден комплекс, вграден во човековото духовно искуство.“
Д-р Нина Анастасова Шкрињариќ, во предговорот на книгата, меѓу другото, пишува:„Книгата претставува импозантна научно-истражувачка расправа за шаманизмот согледан какосвоевиден...
Blue moon
Дамир Каракаш
200 мкд.
120 стр./ A5 формат (200 x 140), 2019
Романот на хрватскиот писател Дамир Каракаш „Blue moon“ претставува предвоен роман од повоената хрватска книжевност. Авторот следи еден фанатичен рокер, пропаднат загрепски студент од провинција, на самиот крај на осумдесеттите години на дваесеттиот век.
Во својата егзистенцијална изгубеност се соочува со најавата за војна која ја слуша на...
Здивена

Марина Шур Пухловски
200 мкд.
198 стр./ A5 формат (200x140)
„Здивена“ е роман кој ја разјаснува разликата меѓу заљубеноста и љубовта, односно е антиљубовен роман. Во него е раскажана приказна за „животот кој минува низ прстите“ и за љубовта во време на скудност и за времето без љубов.
Пишуван во јас-форма, како интимна исповед и со прецизна нарација, овој роман покажува дека вљубеноста, таа состојба на првобитна...
Обител

Захар Прилепин
700 мкд.
664 стр. / A5 формат (200 x 140)
Романот „Обител“ е базиран врз вистински настани и расветлува една темна точка и раскажува една дотогаш нераскажана трагична приказна од времето на сталинизмот: Соловецкиот манастир, претворен во ужасен логор, во првиот гулаг.
Логорот се наоѓа на северот на Русија, во Белото Море. Основан е по Октомвриската револуција во 1917 година, какао...
Реторички лексикон на поими и дефиниции
Трајко Огненовски
700 мкд
464 стр., Б5 (240 х 170), 2019
„Реторички лексикон на поими и дефиниции“, напишан од проф.др. Трајко Огненовски, претставува прв ваков лексикографски труд за македонскиот јазик.
„Реторичкиот лексикон“ е во обем од над 4.000 единици и може да се смета за капитален проект за македонскиот јазик и за македонската лексикографија. Го зафаќа стандардниот македонски јазик, македонските дијалекти, македонската фразеологија и лексиката...
Пената на црниот бран
Владимир Илиевски
200 мкд
170 стр., 200 х 140 мм, 2018
Книгата содржи 17 раскази, од кои еден дел претходно се наградувани на анонимни конкурси.
Во своите раскази, Илиевски не посегнува кон минатото круто и фактографски, туку напротив, преку вешто наративно изградените состојби и карактери се обидува да ја сруши хронолошката дистинкција помеѓу времињата, со цел да го разбуди размислувањето кај читателот и да предизвика едно несомнено книжевно задоволство.
...Весел зоо парк
Киро Донев
200 мкд
трето издание
96 стр., 240 х 170 мм, 2023 г.
Кога главните јунаци – животните ќе се развеселат и ќе ги покажат сите итроштини во згодите и незгодите во веселиот зоо парк, а уште ако сето тоа е раскажано од Киро Донев, тогаш младиот читател добива првокласно четиво.
И оваа, како и повеќето од четириесетте книги на Киро Донев, е наменета за деца од помала возраст – од пет до...
Македонскиот 19 век
300 мкд
„Периодот на 19 век во Македонија отсекогаш сум го сметал за најживописниот, најдинамичниот и најбруталниот период во историјата на македонскиот народ. Токму поради тоа му посветив и најмногу внимание како книжевен историчар, осврнувајќи се во своите дела и книги на некои од најинтересните личности од овој период, вклучувајќи ја и нивната книжевна работа...
Овој период е од витална важност за опстојувањето на Македонците како народ и ... најважните потези по...

