Најнови изданија
Леон, ученикот на волшебникот
Жарко Милениќ
180 ден.
136 стр. / А5 (200 х 140) / 2022
Леон треба да стане крал, но тој не го сака тоа. Тој само сака да чита книги, додека пак неговиот помлад брат го интересира само владеењето со кралството. И покрај тоа што Леон своеволно се откажува од круната, неговиот брат во него гледа потенцијална опасност и го заточува во кулата. И така Леон, изолиран од сите, престојува во кулата и чита... Сè до еден ден кога одлучува да побегне и да го запознае светот за кој толку многу ќе научи и ќе спознае од книгите. Го очекуваат безброј возбудливи патешествија и средби со необични ликови, а со секоја средба тој станува побогат и поискусен... Така станува и ученик на Антадор, волшебникот со голема моќ, меѓутоа неговите намери секогаш не се добри...
Книгата содржи поучни приказни за растењето, наменети за децата, но и за оние коишто сè уште во душата се чувствуваат така.
Капка веселба
Селведин Авдиќ
200 ден.
134 стр. / А5 (200 х 140), 2021
Овој роман се чита како поетична посвета на предвоена Зеница во Босна и истовремено како ламентација за постранзицијата, односно за тоа што останало од мултикултурниот и индустриски организам. А тоа се неговите жители, одеднаш изгубени и несреќни. Главниот јунак Миран се враќа во градот по војната, еден ден после земјотрес и голема поплава. Тој ќе се обиде да живее мирно, во трошна зграда, со разнобојни соседи и спомени, ќе започне...
Бадникова вечер
Хуан Беиѓиа
(Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)
150 ден. - меки корици
200 ден. - тврди корици
194 стр. / А5 (200 х 140) / 2021
„Бадникова вечер“ е еден од најпознатите романи на кинеската писателка Хуан Беиѓиа (1955), која има богат книжевен опус, пред сè романи. Во овој роман таа пишува за растењето и за созревањето на децата во современиот свет, кои стануваат пореалистични, попресметливи, осамени и егоцентрични. Многу време поминуваат со...
Ноќта со змејот
Пенг Ји
(Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)
150 ден. - меки корици
200 ден. - тврди корици
198 стр. / А5 (200 х 140) / 2021
„Ноќта со змејот“ од Пенг Ји (1958) претставува избор од најрепрезентативните дела од фантастичните приказни на Пенг Ји, односно содржи три новели: „Ноќта со змејот“, „Цибетка со девет животи“ и „Тројца диноботи“. Овие приказни, кои личат на народните волшебни приказни, се фантастични и мистериозни, на границата меѓу сонот и...
Големоглав син и малоглав татко
Џенг Чунхуа
(Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)
150 ден. - меки корици
200 ден. - тврди корици
190 стр. / А5 (200 х 140)
„Големоглав син и малоглав татко“ е најпознатото дело на кинеската писателка Џенг Чунхуа (1959) кое во Кина со години е бестселер и е едно од најрепрезентативните дела во литературата за деца. Адаптирано е за цртана серија која е посебно популарна кај младите и се прикажува во неколку сезони. Приказните во оваа е однесуваат на...
Развигорот нежно дувка
Сун Ѓианѓианг
(Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)
150 ден. - меки корици
200 ден. - тврди корици
154 стр. / А5 (200 х 140) / 2021
„Развигорот нежно дувка“ содржи избрани басни и бајки на Сун Ѓианѓианг (1946). Басните се куси, но предизвикуваат размислување со извонредно изведени заплети и техники за пишување. Тие можат да го поттикнат критичкото размислување на младите читатели. Некои од басните се полни со животна филозофија, додека други се...
Дрвото сладок портокал
Цао Венсјуан
(Антологиска серија „Најдобрата кинеска литература за деца“)
150 ден. - меки корици
200 ден. - тврди корици
188 стр. / А5 (200 х 140) / 2021
„Дрвото сладок портокал“ ги содржи најрепрезентативните 12 раскази напишани од Цао Венсјуан (1954), кои претставуваат четива за светот на вистинското, доброто и убавото. Цао Венсјуан е автор и на истражувачки дела за литературата и сценарист и е добитник на неколку книжевни награди и награди за сценарио на филмски...
Клучните концепти во кинеската мисла и култура, том 9
150 ден.
220 стр. / А5 (200 х 140) / 2021
Двојазично издание - на македонски и на англиски јазик.
Последен том од серијата.
Оваа серија ги содржи најсуштинските мисли, концепти и фрази кои во период од неколку милениуми ги создал кинескиот народ и кои и денес се од суштинско значење за кинеската филозофија, хуманистичкиот дух, начинот на размислување и вредностите. Овие концепти и изрази се одраз на мудроста на кинескиот народ, на неговата длабока духовна потрага, како и на...
Клучните концепти во кинеската мисла и култура, том 8
150 ден.
2016 стр. / А5 (200 х 140) / 2021
Двојазично издание - на македонски и на англиски јазик.
Целите на проектот се да објаснат концептите во кинеската мисла и култура кои ги одразуваат карактеристиките на традиционалната култура на земјата и начинот на размислување на кинескиот народ и кои ги отелотворуваат основните вредности на Кина; објективно и прецизно дефинирање на концептите во концизен, лесен за разбирање јазик; и да се овозможи да се раскаже кинеската приказна...
Клучните концепти во кинеската мисла и култура, том 7
150 ден.
200 стр., / А5 (200 х 140) / 2021
Двојазично издание - на македонски и на англиски јазик.
Концептите, мислите, цитатите и појаснувањата се однесуваат на класичната кинеска филозофија, литературата, уметностите, културата, историјата и традицијата, односно серијата претставува своевиден сублимат за запознавање на кинеската цивилизација. Овие „Клучни концепти на кинеската мисла и култура“, всушност, го даваат клучот на прашањето зошто кинеската цивилизација е најдолгата жива...
Избрани песни
Су Ши
150 ден.
184 стр. / А5 (200 х 140) / 2021
„Избрани песни“ од класичниот кинески поет Су Ши, во избор, препев од класичен кинески јазик, предговор и белешки на Игор Радев. Во овој избор се објавени околу 150 песни, а во обемниот предговор Радев дава детална анализа на неговата поезија, но и на карактеристиките, посебно на формите на класичната кинеска поезија. Сӯ Шѝ’ (1037 – 1101) е најпрочуениот поет од ерата на династијата Сонг. Тој е живо олицетворение на конфуцијанскиот идеал на...
Од трезорот на Охридската архиепископија
Белешки за светите твари и уметничките дела
Снежана Филипова
400 ден.
138 стр. / формат Б5 (240 х 170), 2021
Книга за изгубеното и украденото богатство на македонската црква, за најзначајните уметнички дела, инсигнии и предмети на применетата уметност кои некогаш биле дел од трезорот на Охридската архиепископија, а денес се распрснати главно во неколку музеи во соседството. Книга за значајни примероци на црковен вез, реликвии, крипти, мали иконки, енколпиони..., но и за: раната црква во...
На север од егејскиот свет
Драги Митревски
450 ден.
202 стр., формат Б5 (240 х 170), 2021
Книгата претставува сублимат на досегашните научни сознанија од истражувањата на авторот но и од севкупните истражувања за бронзеното и железното време на територијата непосредно на север од Егејското Море, од јадранскиот брег во Албанија до Црното Море во Бугарија. Таа е една целосно заокружена слика за културниот развиток на заедниците од таа територија, до нивното организирање во првите антички држави. Базирана е на...
Досадников
Ана Багрјана
200 ден.
180 стр. / формат А5 (200 х 140)
Специјална награда за издавачите на меѓународниот литературен натпревар „Крунисување на зборот“ (2012) и номинација за наградата Книга на годината во Украина.
Антон Досадников, кој дипломирал на Институтот за новинарство, се обидува да ја пронајде својата струка во животот. Откако извесно време работи како дописник за политички вести, потоа – како крупие во казино и на крајот – како шеф на одделот Преиспитување во...
Харковски басни
Григориј Сковорода
150 ден.
78 стр. / A5 формат (200 x 140)
Григориј Савич Сковорода (1722 – 1794) бил украински филозоф, поет, учител, композитор на литургиска музика. Просветител, мудрец, учител на животот, бунтовник, моралист, мистик. Предавал поезија, синтакса, етика, грчки јазик, зборувал повеќе јазици, служел во царскиот двор, шетал низ Европа, па скитал низ Украина. Имал силно влијание врз идната уметност...
Катерина, Велика и Мала
Оља Кнежевиќ
350 ден.
256 стр./A5 формат (200x140)
Интердискурзивните дијалози на книжевноста
Марија Ѓорѓиева Димова
250 ден.
221 стр. / A5 формат (200 x 140)
„Интердискурзивните дијалози на книжевноста“ од Марија Ѓорѓиева Димова e книга која претставува студија од областа на книжевната теорија и книжевната херменевтика. Содржи дванаесет текста, распоредени во три циклуси: 1. Интердискурзивните дијалози меѓу книжeвноста и историјата; 2. Интердискурзивните дијалози меѓу книжeвноста и теоријата; 3. Интертекстуалните дијалози на книжевноста.
...Животот на литературната класика
Пламен Тотев
250 ден.
184 стр. / A5 формат (200 x 140)
Леонардо да Винчи и неговото време
Атле Нес
600 ден.
296 стр./ 25 см
„Леонардо да Винчи и неговото време“ од норвешкиот писател Атле Нес, е книга во која тој за Леонардо да Винчи раскажува инспиративно, возбудливо и документирано за безграничната фантазија и генијалниот талент на Леонардо, за неговите ремек-дела, за скиците и цртежите, за кодираните белешки, за познати и малку познати нешта поврзани со неговото творештво и со неговата личност. Нес на импресивен начин го опишува необичниот животен пат на...
Биро за проверка
Александар Архангелски
400 ден.
366 стр./A5 формат (200x140)
Награда „Бољшаја книга“ – втора награда, за 2018 година.
Дејството на романот се вклопува во само девет дена од јули 1980 година, се одвива на територијата на Москва, при што Александар Архангелски, без никаква трага на носталгија или одвратност кон таа советска ера, многу успешно ја доловува атмосферата од тоа време. И токму во тие девет дена, додека Москва ги слави и ги живее деновите на Олимписките игри...
Политичкото досие на Драган Богдановски, том. 6
Драган Богдановски
500 ден.
424 стр. / формат Б5 (240 х 170), 2021
Во „Политичкото досие на Драган Богдановски“ (том 6 од серијата „Мојата борба за Македонија“) се објавени 132 документи од македонската служба за јавна безбедност (УДБ-а), која за него водела досие од 1952 година па до неговата смрт во 1988 година.
Подредени по хронолошки ред според датумот на нивното настанување, избрани се само најзначајните полициски документи (службени белешки, извештаи, информации, депеши и...