
Русалии
300,00 ден
Нема на залиха
Монографската публикација на Киро Козаров „Русалии“ е прва книга во Република Македонија, посветена на автентичната русалиска традиција пристуна во историјата во југоисточна Македонија, а денес зачувана само како фолклорна традиција.
Козаров во овој истражувачки труд се осврнува на потеклото на русалиите, функционирањето на русалиската дружина, нејзината мисија, русалиските борби, ритуали, игри, верувања, обреди и ‘закони’, нејзините етнолошки карактеристики, облеката и на остатоците од русалиските традиции денес и нивното негување. На крајот на трудот се објавени и компетентни мислења на научни работници и уметници за русалиството: акад. Митко Маџунков, проф. д-р Вера Стојчевска Антиќ, проф. д-р Катерина Петровска Кузманова, Никола Маџиров (кои се рецензенти на трудот) и др. Книгата, која е резултат на повеќегодишна истражувачка работа на авторот, е збогатена и со фотографии, од кои голем дел првпат се јавно публикувани.
„Многу често се прашував, која е таа сила и што е тоа што во село Секирник, без сомнение епицентарот на бежанштината, го одржува русалиството (во денешната форма) со толку силен интензитет – пишува Киро Козаров во предговорот. Тргнав да ја барам научната но и народната вистина за русалиите. Колку подалеку наоѓав пишани извори, реферати, документи, толку повеќе бев исполнет заради интересот што истражувачите им го посветиле на русалиите. Речиси не постои национална наука која преку своите истакнати претставници не го забележала присуството на оваа појава на територијата на Европа. Секој реферат, документ, откриваше една нова вистина, нови хоризонти…
Разговарав (со) и бев поддржуван од стручни лица за таа тема, но и со обични луѓе; прочитав многу материјали, трагав по литература и наоѓав интересни и важни податоци но, иако бескрајно благодарен на овие сознанија, сепак, нешто постојано ми недостасуваше. Сакав кон литературата за русалиите од Кукушко да го приближам чувството што луѓето од овие краишта го имаа, преданоста кон овој ритуал и начинот на живот што го имаа тие, нивната целосна посветеност, и себеидентификување со русалиството до границите на посебноста, единственоста, нарцисоидноста. Тие, пред сè беа русалии, а потоа обични луѓе земјоделци, воденичари, трговци, татковци. До таму беше нивниот своевиден фанатизам.“Mакедонскиот јазик сè уште нема (преведен или составен) речник на античката, грчка и римска митологија. Преводот на „Библиотека“ не само што може, засега да ја пополни оваа сериозна празнина, туку и да биде релевантен извор за составување на еден ваков сеопфатен прирачник за грчката митологија на македонски јазик. Во македонскиот јазик не постои стандардизирана транскрипција на имињата на боговите и на хероите од старогрчката митологија, па честопати една митолошка фигура се сретнува со две имиња (Едип/Ојдип, Ајант/Ајакс, Ио/Ија, Еа/Еос), што води кон погрешен заклучок дека се работи за различни лица. Затоа објавувањето на преводот на „Библиотека“ на Аполодор може да придонесе за уедначување на оваа митолошка терминологија во македонскиот јазик сообразно со автентичниот, класичен изговор на имињата на боговите и на хероите во старогрчкиот јазик.




