Половина век театар во Македонија

250,00 ден

Иван Ивановски

495 стр., 240 x 170 мм

Оваа книга претставува критичко издание за театарската уметност во Македонија во период од пет децении – од крајот на Втората светска војна, па до 1994 година. Во неа се опфатени, односно регистрирани и валоризирани сите позначајни активности во театарската уметност во Македонија и оваа книга претставува своевидна историја на театарот во Македонија.

Содржи единаесет глави и три прилози. Во неа се обработени повеќе тематски целини – почетоците на професионалниот театар, дејноста на најголемите театри – МНТ, Драмскиот театар во Скопје и Народниот театар во Битола, потоа, некогашниот куклен а потоа и младинско-детски театар, малцинските театри, мрежата на професионалните театри и промените во таа мрежа, праизведбите на делата од македонски автори, малите и експериментални сцени и алтернативните состави, јубилеите и најзначајните датуми, како и признанијата и наградите во театарската дејност. Посебни прилози се објавени за театарските списанија, но и на театарското образование. Книгата содржи и обемен индекс на наслови на претстави играни во Македонија во период од половина век.

Категорија