
Македонија и Грција – битка за името
500,00 ден
Нема на залиха
Централното прашање во книгата МАКЕДОНИЈА И ГРЦИЈА – БИТКА ЗА ИМЕТО (Правните механизми во Обединетите нации за враќање/употреба на името Република Македонија) од проф. д-р Јанко Бачев е обработката на правните механизми во Обединетите нации за враќањетo на името Република Македонија преку четири главни органи на ОН: Секретаријатот, Советот за безбедност, Генералното собрание и Меѓународниот суд на правдата.
Притоа, авторот се осврнува и на прашањето за тоа кој од овие органи на Обединетите нации најповолно би реагирал доколку Македонија покрене правна постапка во ООН за враќање/употреба на името Република Македонија иако, се разбира, ова е прашање на политичка проценка на државниот врв.
Во книгата е поместен периодот од осамостојувањето на Република Македонија па до денес, бидејќи, актуелноста на темата не завршува со пречекорувањето на овластувањата на клучните органи на ООН (Генералното собрание и Советот за безбедност) при приемот на Република Македонија во членство во ООН, бидејќи темата е особено релевантна во услови кога сè уште трае проблемот со името на Република Македонија.
Ова е прв научен труд, кој на еден аналитички и научно издржан пристап ги истражува и обработува правните механизми што и стојат на располагање на Република Македонија за враќање/употреба на името Република Македонија во ОН, земајќи предвид дека прашањето со овие правни механизми не бил предмет на подлабоко и сеопфатно научно истражување во кое овој процес би се анализирал во неговата целосност и комплексност.




