Владимир Илиевски
300 ден.
158 стр., 200 х 140 мм, 2025
„Необјавен фељтон“ од Владимир Илиевски е роман кој од повеќе позиции го преиспитува местото на поединецот во општеството и се обидува, преку книжевниот дискурс, да одговори на некои суштествени и егзистенцијални прашање кои произлегуваат од безмилосниот судир помеѓу општествениот систем кој е несовршен, но истовремено, и крајно суров во одбраната на своите „вредности“ и помеѓу чесниот и правичен поединец кој длабоко и искрено верува дека совршеното општество е предуслов за среќата и благосостојбата на луѓето во него.
Илиевски креира приказна која ја лоцира во периодот кога ветувачкиот социјализам ја губи својата моќ, убедливост и ориентација. Тоа се години кога самоуправувањето излегува од својот семантички и суштински колосек, а притоа неговите моќни заштитници до крај се обидуваат да креираат слика дека сето тоа е само привид. Така општеството ја покажува својата немилосрдност, а на поединецот му останува само безизлезот и болното признание на својата немоќ.
Инаку, основната сижејна нишка на романот се базира врз вистински настан од шеесеттите години во Скопје, кој бил ударна вест во Македонија и Југославија - повеќекратно убиство како реакција на неправди во тогашниот општествен систем.
„Необјавен фељтон“ е роман за едно време за кое многумина мислат дека поминало. Сепак, Илиевски остава доволно простор за читателот на крајот да го постави прашањето: Зар денес не е исто?