Македоника Литера

Кинеска калиграфија

Ѓоре Ѓелев

Лиу Ји

650 ден.

156 стр., 240 мм, 2026 г.

   Во оваа книга се опфатени повеќе аспекти од кинеската калиграфија: хронологијата на нејзината појава од првите визуелни претстави од културата јангшао, па сè до поедноставеното стандардно писмо, филозофскиот аспект преку влијанието на таоизмот и конфучијанизмот на самите автори калиграфи при процесот на создавање на калиграфските дела, уметничките вештини во изведувањето на потезите, како и градењето на делата како целосна композиција. Опфатени се и главните стилови писмо: стандарден, чиновнички, печатен, тревест и трчачки. Најголемо внимание е посветено на стандардниот, како најприменуван и кој поседува цел систем на правила на пишување, но и на генералните правила за структурата на знаците. Во одгатнувањето на суштината на оваа уметност, посочени се и ремек-делата на кинеската калиграфија и нејзините најголеми мајстори.

   Калиграфијата означува вештина, способност за убаво пишување. Постојат неколку засебни видови калиграфија, па може да се издвојат: кинеската, јапонската, корејската, арапската и западната калиграфија.

  Кинеската калиграфија е посебен вид калиграфија која видливо се издвојува по своето значење и особености. Во неа, суштински е втемелена кинеската култура, бидејќи таа е еден вид уметност што ги опфаќа кинескиот јазик, историја, филозофија и естетика. Калиграфијата не е само начин на убаво пишување кинески знаци, туку таа, исто така, е во тесна корелација со сликарството преку запазување на естетските критериуми и на индивидуалноста во изразувањето со четката и со мастилото. Вештината на пишување калиграфија со четка е меѓу четирите традиционални вештини во Кина кои...

Тао Те Кинг

Лао Це

150 мкд

94 стр., 170 х 120 мм, 2019 (трето издание)

    Стар мистичен кинески текст во кој се содржат практични мудрости за обичниот човек но и за владетелот и кој претставува толкување на кинеската филозофија и религија. Се смета за базичната книга на таоистичката школа на кинеската филозофија.

      Ова фундаментално дело за кинеската филозофија, религија и традиција, освен во таоистичката школа, силно влијание извршило и врз други...

Речник на древни зборови од творештвото на Светлана Христова Јоциќ

Љубинка Донева

Речник на древни зборови од творештвото на Светлана Христова Јоциќ

150 мкд

 156 стр., 240 х 170 мм, 2011  

  Како ретко кој македонски автор во македонската литература, Светлана Христова Јоциќ употребува ретка, архаична, односно древна лексика и на тој начин, како ретко кој автор, таа го возобновува значењето на старите и подзаборавени зборови, им дава лирско значење и лирска боја. 

      Ги негува и ги применува во уметничката...

Театарот во Македонија од почетоците до ослободувањето

Ристо Стефановски
Teaтарот на Македонија (од почетоците до ослободувањето)
(второ дополнето издание)
900.00 ден.

   Овој историографско-театролошки труд е, всушност, дополнето издание на првата книга од 1990 година на Ристо Стефановски од неговата повеќетомна едиција за историјата на македонскиот театар.

Ова второ издание е значително пообемно и збогатено со повеќе сознанија за личностите и за другите празнини во огромниот период кој е обработен, од...

Библиотека (хеленска митологија)

Аполодор
250 ден.

218 стр., 200 х 140 мм, 2009


  Овој митолошки прирачник претставува опширен приказ на приказните за боговите и за хероите од богатата традиција на хеленската митологија. Драгоценоста на делото се должи на неговата огромна документарна вредност.

  Имено, делата, кои биле користени како извори за материјалот на ова митографско дело во голема мера се изгубени, па во таа смисла Аполодоровата „Библиотека“, како единственото во целост зачувано дело од долгата хеленска митографска...