Македоника Литера

Анабаса

Ксенофонт

300 мкд,

224 стр./ A5 формат (200x140)

      Ксенофонт (о. 430-355 г. ст.е.) е еден од тројцата најголеми хеленски историографи (покрај Херодот и Тукидид) автори кои ги одбележуваат почетоците на хеленската, и на европската вештина на пишување историја. „Анабаса“е едно од најубавите негови дела и неодминлив извор за изучувањето на античкиот период. Во него авторот го опишува походот на персискиот принц Кир против сопствениот брат Артаксеркс, за превласт за персискиот престол.

      Кир најмува десетилјадна хеленска војска. Во походот учествува и Ксенофонт. Тој ги опишува: собирањето на платеничката војска; маршот на војската; убиството на Кир и на некои војсководци, по што Ксенофонт ја презема командата на дел од војската; опасностите и патешествијата при враќањето на војската...

      Една од најголемите вредности на ова дело се автентичните описи на настаните,  географијата и етнографијата, односно описите на начинот на живеење на племињата и на местата на големиот простор на персиската империја. „Анабаса“ е извонредно мемоарско дело.

      Во предговорот Весна Томовска, меѓу другото, пишува:

      „Иако во основа и со намера да биде запис на една епизода од политичката историја на Хелада и на нејзините соседи, Анабаса суверено ѝ припаѓа на мемоарската книжевност. Причи­на или услов за нејзиното составување е личното при­суство и учество во настанот, како и авторската перспектива на случувањата. Ваквата позиција на авторот во однос на предметот за кој се расправа ја обезбедува привилегијата на директен сведок, но и гаранцијата за високиот степен на автен­тичност во презентацијата на податоците со што Ксено­фонт е на иста линија со своите претходници историографи од петтиот...

Почетоците на кинеската цивилизација

Ли Чи

200 мкд.

186 стр. / A5 формат (200x140)

      По близу шест децении од поставувањето на темелите на кинеската археологија, сè уште во Кина доминираа размислувањата, постулатите и концепциите на Ли Чи (1896 – 1979).

      По дипломирањето, од елитната академија „Тсингхуа“ Ли Чи бил испратен во Соединетите Американ­ски Држави да студира психологија и социологија. Но таму тој се запознал со антропологијата и антрополошките книги и бил фасциниран од овој предмет, за кој претходно немал...

Конфучиј - ЛУН ЈИ (Мислења и беседи)

Конфучиј

200 мкд

205 стр./ 170x120

      „На петнаесет години кај мене се појави желбата за учење, на триесет јас веќе сам стоев, на четириесет немав никакви сомнежи, на педесет ја познавав Небесната волја, на шеесет знаев да раз­ли­кувам прав­да од неправда, на седумдесет можев да ги следам желбите на срцето без да отстапувам од правилата.“

      Вака го опишал својот живот еден од најголемите мисли­тели и мудреци на човечката цивилизација – Конфучиј. Неговото најпознато дело е...

Атанас Крлевски КРЛУК (афоризми)

Атанас Крлевски

150 мкд

68 стр./ 120*170

„Во Крлук Атанас Крлевски грубо без формалности и нежности го допира сензибилитетот на епохата во која битисуваме, сакајќи да ги долови сите човечки малодушности и паѓања во мoментите кога желбата за бегство од реалноста е најсилна.

Она што воодушевува во Крлук е силната симбиоза на текстот и контекстот, на она што авторот сака да го каже, но и одгласот на кажаното. Афоризмите на Крлевски ја цитираат стварноста, читателот има чувство дека тоа се...

ГерМакедонија

Волф Ошлис

ГЕРМАКЕДОНИЈА

300 мкд

      Книгата на проф. д-р Волф Ошлис од Германија – „Гермакедонија“, со поднаслов „Студии за македонско-германската заемност низ вековите“, содржи четириесетина студии, статии и други прилози за Македонија, првенствено за нејзината културна историја, кои се тематски поделени во неколку циклуси: „Историја“, „Јазик и култура“, „Личности“, „Политика“ и „Разговори“.

      Како воведен текст е објавена неговата реч по повод доделувањето почесен...